Во годината кога иновациите и знаењето се прогласени за економски и развоен приоритет на Македонија според ИПА2, Македонија е сѐ уште фиксирана на средно стручно и т.н. vocational training. Освен како резерворар на евтина работна сила, Македонија треба и може да биде економија базирана на научни откритија од сите области, а хуманистиката и општествените науки да се врзат тесно со технолошките иновации како и со применентите знаења на студиите на политики.
И покрај декларативните заложби за гарантирана уредувачка слобода, политиките впишани во законите и подзаконските акти на регулаторното тело, оневозможуваат нејзина ефективна примена.Иако немаме причина да веруваме дека повикувањето на член 16 од Уставот на Република Македонија, кој се однесува на слободата на говор, би било повеќе од декларативно, сепак, го издвојуваме како симптоматично неговото отсуство од законите кои се однесуваат на медиумите.
Во периодот 2007-2015 година, Македонија имаше пет министри задолжени за привлекување на странски инвестиции. Земјата се рекламираше на разни познати светски медиуми, се организираа шеесетина роуд-шоуа низ триесетина земји, беа ангажирани триесетина економски промотори низ светот, се отвори посебна Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, се отворија петнаесет технолошко-индустриски развојни зони.