Јавно предавање на Анастас Вангели во ИОХН-Скопје
ИОХН-Скопје со задоволство ве поканува на 14 јули 2017 / Петок/ – 19 часот во просториите на Институтот на јавно предавање со наслов „16 + 1 како лабараторија за Belt&Road: Глобална Кина низ погледот на Европската периферија“, на темата ќе говори Анастас Вангели, активист и докторант-истражувач на Graduate School for Social Research (Polish Academy of Sciences во Варшава). Предавањето е дел од серијата „Јавни предавања во ИОХН-С“ / академска 2017-2018/.
16 + 1 КАКО ЛАБОРАТОРИЈА ЗА BELT&ROAD: ГЛОБАЛНА КИНА НИЗ ПОГЛЕДОТ НА ЕВРОПСКАТА ПЕРИФЕРИЈА
Во изминатите пет години, Кина спроведе невидена дипломатска иницијатива чија цел е зајакнување на односите со земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE). Анализата на новиот однос на Кина со CESEE во конкретниот историски контекст (глобално и регионално) во која се разви, може да обезбеди неопходен увид во развојот на однесувањето на Кина како глобален актер. Ова може да се генерализира и примени во студиите за ангажманот на Кина во областите надвор од CESEE, а особено во однос на понатамошниот развој на иницијативата Belt and Road (BRI). Во CESEE, Кина смело се ангажираше во дипломатски експерименти и иновации (најзначајно е создавање на механизам 16 + 1), а лекциите од регионот, ја промовираа проактивната дипломатија на Кина на светската сцена. Во исто време, увид во конкретните причини и мотивации за избор на CESEE како одреден регион на фокус од страна на кинеските креатори на политики, исто така, открива многу за нормативните и симболичните компоненти на новата кинеска надворешна политика, која не служи само за преобликувањето на кинеските економски и политички односи со остатокот од светот, но, исто така, има потенцијал да ги анимира промените во размислувањето и однесувањето на другите во однос на меѓународната соработка и на домашниот развој.
АНАСТАС ВАНГЕЛИ е докторанд-истражувач на Graduate School for Social Research, Polish Academy of Sciences во Варшава како и Claussen-Simon PhD Fellow на ZEIT Stiftung
Досега во рамки на серијата „Јавни предавања во ИОХН-С“ сите заинтересирани можеа да го проследат предавањата на дел од редовниот професорски кадар на Институтот / Катерина Колозова, Маја Мухиќ, Сенка Анастасова, Бранимир Јовановиќ и др./ на дел од меѓународните професорски имиња – можни ментори на магистерски тези на ИОХН-С /Давор Лофер, Јелисавета Благојевиќ, Миглена Николчина, Светлана Слапшак, Мајкл О’Рурк/ како и предавања на голем број на практичари и активисти од Македонија и светот.
Освен во врска со темата на предавањето, публиката има можност да постави прашања и во врска со магистерскиот студиски програм: Студии на политики за кој во моментот тече првиот уписен рок (краен рок 15 јули 2017, повеќе на следиов линк: https://tinyurl.com/ybjbshbu). Сите заинтересирани ќе можат одблизу да се запознаат со начинот, условите и предностите кои ги нуди Институтот.
* Пред почетокот на предавањето за студиската програма како и за прашањата во врска со студирањето ќе говори доц. Викторија Боровска (академска кординаторка на постдипломските студии на ИОХН-С).