Јавна дебата „Прекумерната законска регулација и нејзиното влијание врз слободата на изразување
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје ја организираше јавната дебата на тема „Прекумерната законска регулација и нејзиното влијание врз слободата на изразување” која се одржа на 5-ти октомври (понеделник) во 12:30 часот вo просториите на ГЕМ клубот. Дебатата ја отвори дискусијата за влијанието на прекумерната регулација како механизам на апсолутна контрола и нејзиното влијание врз демократските процеси и слободата на изразување.
На дебатат учествуваа: Ана Чупеска, Константин Битраков, Дејан Георгиевски и Јордан Шишовски, додека во улога на модератор беше Артан Садику.
Јавната дебата е дел од проектот „Анализа на политики и закони кои влијаат на слободата на изразување” на ИОХН-С кој спаѓа во Проектот на УСАИД за граѓанско општество спроведуван од Фондацијата отворено општество- Македонија.
Подолу можете да го погледнете видеото од настанот.