+389 2 3113 059

ЈАВАЈЌИ НА ОДВРАЌАЊЕТО

ЈАВАЈЌИ НА ОДВРАЌАЊЕТО

ИОХН-С со задоволство ве поканува во понеделник (15.07) со почеток во 19.30 на настанот „Јавајќи на одвраќањето“, визуелно искуство и соочување со уметникот Адела Јушиќ.

ЈАВАЈЌИ НА ОДВРАЌАЊЕТО
Визуелно искуство и соочување со уметникот

Писателот и научник Жан Фишер во книгата „Кон метафизиката на срањето“ (Towards a Metaphysics of Shit) го поставува прашањето: Може ли уметноста да функционира како ефикасен медијатор на промена или отпор кон хегемонистичката моќ или е осудена да биде декоративна и ирелевантна фуснота на силите кои се помоќни од нејзиниот капацитет да се соочи со нив?
Преку презентација на некои од нејзините дела, Адела Јушиќ ќе ни даде увид во своите ставови за улогата на уметноста и нејзините капацитети да отвори нови дискурси и да ги реосмислува преовладувачките. Главните прашања кои ќе бидат анализирани ќе бидат поврзани главно со уметноста и со конфликтот, издржливоста, отпорот, личните и колективни наративи и мемории, како и реосмислување (пре-пишување) на историјата.

Адела Јушиќ е родена во Сараево, Босна и Херцеговина.
Основата на нејзиниот општествен ангажман е лоцирана во личното искуство и меморија. Работејќи во различни медиуми, ги опфаќа прашањата за војната во Босна, позициите на жените за време на војната и постконфликтната транзициска атмосфера во која растела.

Јушиќ дипломирала на Академијата за ликовни уметности при Универзитетот во Сараево. Таа е ко-основач на Здружението за уметност и култура – Црвена. Има изложувано на многу интернационални изложби, вклучувајќи ги: Manifesta 8, Murcia, Spain; Videonale Kunstmuseum Bonn, Germany; Image Counter Image, Haus der Kunst, Munich, Germany; I will never talk about the war again, Färgfabriken, Stockholm, Sweden и други. Како уметник, има учествувано и во резиденцијални програми (ISCP, New York, Kulturkontakt Vienna) и ја има добиено наградата за најдобар млад ликовен уметник од Босна (Young visual artist award for the best young Bosnian artist) и CEE Henkel Art Award . Во моментот е дел од истражувачкиот тим на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје

Настанот е во рамки на серијата „Јавни предавања во ИОХН-С “ која ќе трае во текот на првиот и вториот уписен рок за прием на студенти на еднодишни магистерски студии од областите родови студии и студии на културата. Па така, овој настан ќе претставува можност освен за темата да поразговараме и за магистерските студиски програми што ги нуди Институтот.

Настанот ќе се одржи во просториите на Институтот на ул. „20-ти октомври“ бр.8, 2 кат, 1000 Скопје. Мапа за полесно да не најдете: http://tinyurl.com/kdb6p7e

Leave a Reply