ТРЕТ И ПОСЛЕДЕН УПИСЕН РОК
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје
(академска 2015 /2016)
распишува
ТРЕТ И ПОСЛЕДЕН УПИСЕН РОК
ЗА 5 (ПЕТ) МЕСТА НА
СТУДИСКАТА ПРОГРАМА РОДОВИ СТУДИИ
(17 септември – 30 септември 2015)
Услови на запишување:
– 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов иако претставува предност.
Наставата може да се следи на македонски, албански и англиски јазик. Најголемиот дел од изборната и дел од задолжителната литература е достапна и на англиски јазик.
Број на слободни места во третиот и последен уписен рок: 5 (пет).
Краен рок за пријавување: 30 септември 2015
Потребни документи:
– Нотарски заверена копија од диплома/уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредити) од областите на општествените и хуманистичките науки. Доколку кандидатот/кандидатката сè уште не дипломирал/а, документот за досега положените испити (уверение или диплома) може да го достави дополнително (непосредно пред потпишувањето на договорот за упис најдоцна до 15 октомври 2015, кога кандидатот/кандидатката ќе мора да поседува доказ за завршени додипломски студии).
– Пополнета пријава која може да се преземе од интернет страницата на Институтот: www.isshs.edu.mk (под делот „Студиски програми“ која се наоѓа во мени-то на македонската верзија на страницата).
– Лична биографија (CV).
Третиот и последен уписен рок трае до 30 септември. Пријавите со придружните документи може да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8-2, 1000 Скопје) или електронски на [email protected]. Интернет страницата на Институтот е на следнава адреса: www.isshs.edu.mk
Трошоци на студирање: За студиите не се наплаќа школарина освен трошоците за администрирање во вкупен износ од 400 евра во денарска противвредност за севкупниот студиски циклус (вклучувајќи го и магистерскиот труд) поделени во три рати.
Основна информација за институцијата: Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје е приватна непрофитна научна установа, дел од Регистарот на научни установи што го води МОН (со Решение бр. 30), акредитирана од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија за организирање магистерски студии од областите на општествените и хуманистичките науки.
Директори на Институтот се проф. д-р Катерина Колозова и доц. д-р Артан Садику.
Контакт лица: Ристо Алексовски и доц. д-р Викторија Боровска (координаторка на постдипломските програми), достапни на [email protected], [email protected], [email protected] и на
тел/факс.: +389 2 31 13 059.