РАСКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ ПОДАТОЦИ И ДИГИТАЛНА КАРТОГРАФИЈА: ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА ПОДАТОЦИ ВО КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ.
Со огромно задоволство Ве покануваме на четвртата работилница во рамки на Школата за политика и критика 2015 со Јакопо Отавиани (Jacopo Ottaviani). Работилниците со наслов „ Раскажување преку податоци и дигитална картографија: Визуелизација на податоци во креирање на политики “ ќе се одржат на 27 (со почеток во18 часот) и 28 октомври (со почеток во 12 часот )во просториите на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје
РАСКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ ПОДАТОЦИ И ДИГИТАЛНА КАРТОГРАФИЈА: ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА НА ПОДАТОЦИ ВО КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ.
Алатките за визуелизација на податоците сѐ повеќе го наоѓаат своето место во новинарството, од прикажување на смртните случаи во затворите, трагичните бродоломи во Средоземното море, отпишувањето на ученици од училиштата и недостатокот на породилни услуги. Семинарот ќе се фокусира на студии на случаи и како алатките за визуелизација на податоците и open data софтверите можат да бидат користени за застапување на права и поттикнување на општествени промени, обезбедувајќи клучни техники кои можат да бидат применети кон визуелното раскажување на податоците.
ШКОЛА ЗА ПОЛИТИКА И КРИТИКА 2015
Серијата на четири политички работилници во рамките на Школата за политика и критика 2015 се концептуално продолжение на активностите на Школата за политика и критика 2014. Тие целат кон овозможување на простор како за учење на стратегиите за овозможување на големи коалиции и акција во рамките на нив, така и за генерирање ново теоретско знаење за политичките предизвици во постојниот контекст. Школата на поголема група на активисти ќе им овозможи работа со искусни политички активисти и теоретичари.
Порастот на неолибералните политики од една страна, и порастот на авторитарните практики на владата од друга, во континуитет создава разорување, страв и политичка демобилизација на социјалните движења. Недостатокот на стратегии за пристап до различни општествени групи од страна на активистите за да се создаде поширока алијанса на општествени актери што би спровеле стратегии за акција кон социјална правда, слобода и демократија, создава фрагментиран простор за промена. Треба да ги обединиме прогресивните сили во акција.
Недостатокот на посериозна политичка конфронтација со постојниот неолиберален консензус во рамките на политичките фактори изискува мобилизација на левичарски дискурс и пошироките социјални структури. Постои потреба за поврзување на секторите на трудот со останатите граѓански структури за да се организира политички отпор против ужасните социјални последици во областите: слобода, демократија и социјална правда. Во дадениот момент, стравот и недовербата на пошироките народни маси во било кое политичко дејствување што ќе ја предизвика постојниот владин менталитет, е сериозен предизвик за активна политичка мобилизација.
Подолу е деталната програма за четвртата работилница на Школата за политика и критика 2015:
Вторник 27ми октомври
18:00-19:00 – Јакопо Отавиани „ Раскажување преку податоци и дигитална картографија: Визуелизација на податоци во креирање на политики “ (прв дел)
19:00-19:15 – Пауза
19:15-20:00 – Дискусија
Среда 28ми октомври
12:00-13:00 – Јакопо Отавиани „ Раскажување преку податоци и дигитална картографија: Визуелизација на податоци во креирање на политики “ (втор дел)
13:00-13:15 – Пауза
13:15-14:00 – Дискусија
Забелешка: предавањата и дискусиите со Јакопо Отавиани ќе се одржуваат на англиски јазик.