+389 2 3113 059

Продолжување на КОНКУРСОТ за упис на студенти

Продолжување на КОНКУРСОТ за упис на студенти

Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје објавува
КОНКУРС
за академската 2016-2017 година
за упис на студенти на магистерски студии од следниве области:

(1) студии на политиките (policy studies), едногодишни и двегодишни

(2) родови студии, едногодишни

(3) студии на културата, едногодишни

ПРОДОЛЖЕН УПИСЕН РОК
29 јуни 2016 – 20 септември 2016

Услови на запишување:
– за едногодишните програми: 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност

– за двегодишните програми: 3 години додипломски студии (или стекнати 180 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.

Најголемиот дел од наставниот материјал е достапен на англиски јазик, со тоа се очекува студентите солидно да го владеат англискиот јазик.

Број на слободни места:
– За студиската програма Родови студии вкупно 15 студенти
– За студиската програма Студии на Културата вкупно 15 студенти
– За студиската програма Студии на политики (едногодишни и двегодишни) вкупно 20 студенти

Потребни документи:
– Диплома, уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредита) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сѐ уште не дипломирал/а, документ за досега положените испити а дипломата (уверението) ќе ја достави дополнително

– Нотарски заверената копија од дипломата/уверението за дипломирање може да се достави дополнително, пред потпишувањето на договорот најдоцна до почетокот на школската година, а по доставувањето на електронската копија во случај на електронско аплицирање

– Пополнета пријава која може да се преземе од интернет страницата на Институтот: www.isshs.edu.mk (под рубриката „Студиски програми“ која се наоѓа во мени-то на македонската верзија на страницата).

– Лична биографија (CV).

Првиот уписен рок трае до 20 септември 2016. Пријавите со придружните документи можат да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8-2, 1000 Скопје) или електронски на [email protected]. Интернет страницата на Институтот е на следнава адреса: www.isshs.edu.mk

Трошоци на студирање:
– За едногодишните студиски програми цената е 550 евра во денарска противвредност, во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање, одбраната на магистерската теза се плаќа одделно.
– За двегодишните студиски програми цената е 800 евра во денарска противвредност, во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање, одбраната на магистерската теза се плаќа одделно.

Ве известуваме дека Институтот овозможува школарината да се плаќа на рати.

Основна информација за институцијата: Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје е приватна непрофитна научна установа, дел од Регистарот на научни установи што го води МОН (со Решение бр. 30), акредитирана од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија за организирање магистерски студии од областите на општествените и хуманистичките науки.

Контакт лица: Ристо Алексовски и доц. д-р Викторија Боровска (координаторка на постдипломските програми), достапни на [email protected], [email protected], [email protected] и на
тел/факс.: +389 2 31 13 059.

Leave a Reply