Повик за еднодневна обука за застапување засновано на податоци
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје организира обуки за моделот на застапување засновано на податоци. Овој модел подразбира вклучување на истражувачки алатки во процесот на анализа на проблемот што се застапува како и современи алатки за визуелизација и употреба на податоци во процес на креирање политики.
Обуките се отворени за сите заинтересирани претставници од невладините организации од Македонија.
Обуката ќе се одржи во Скопје на 15.12.2016 (четврток) во просториите на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје.
Обуките се дел од проектот Граѓанските организации во промоција и застапување на правото на слобода на изразување и застапување кој Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје го спроведува со поддршка од програмата Цивика Мобилитас (CIVICA Moblilitas). Ова е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), која ја спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска. Целта на проектот е зајакнување на знаењата и капацитетите на граѓанските организации за промовирање, заштита и застапување на слободата на здружување и изразување.
Вашиот интерес може да го изразите со пријава на вашите лични податоци (име, презиме, организација од која доаѓате и контакт) на e-mail: [email protected] најдоцна до 12.12.2016
Контакт лице: Ана Блажева тел.072 307 702, 02 31 13 059 e-mail: [email protected]