Официјалната употреба на јазикот во општините во Република Македонија
Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје го спроведува проектот „Официјалната употреба на јазиците во општините во Република Македонија“ . Проектот се спроведува по барање и поддршка на Канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства ОБСЕ и опфаќа десетмесечен период, од февруари до декември 2014 година.
Проектот има за цел да ги преиспита постоечките практики при употребата на официјалните јазици во одредени општини, како и да го одреди нивното влијание врз меѓуетничките односи. Проектот комбинира повеќе истражувачки методи (интервјуа, анкета, фокус групи, дебати и анализа) во 11 општини, каде има два или три официјални јазици.
Со помош на истражувањето ќе се добие појасна слика за имплементација на законската рамка за официјалните јазици во општините. На крај резултатите, предизвиците и перцепцијата ќе бидат сумирани во препораки кои ќе бидат во корист на сите засегнати страни.