Отварање на Школата за политика и критика 2015 со Алекос Алаванос
Серијата на четири политички работилници во рамките на Школата за политика и критика 2015 се концептуално продолжение на активностите на Школата за политика и критика 2014. Тие целат кон овозможување на простор како за учење на стратегиите за овозможување на големи коалиции и акција во рамките на нив, така и за генерирање ново теоретско знаење за политичките предизвици во постојниот контекст. Школата на поголема група на активисти ќе им овозможи работа со искусни политички активисти и теоретичари.
Порастот на неолибералните политики од една страна, и порастот на авторитарните практики на владата од друга, во континуитет создава разорување, страв и политичка демобилизација на социјалните движења. Недостатокот на стратегии за пристап до различни општествени групи од страна на активистите за да се создаде поширока алијанса на општествени актери што би спровеле стратегии за акција кон социјална правда, слобода и демократија, создава фрагментиран простор за промена. Треба да ги обединиме прогресивните сили во акција.
Недостатокот на посериозна политичка конфронтација со постојниот неолиберален консензус во рамките на политичките фактори изискува мобилизација на левичарски дискурс и пошироките социјални структури. Постои потреба за поврзување на секторите на трудот со останатите граѓански структури за да се организира политички отпор против ужасните социјални последици во областите: слобода, демократија и социјална правда. Во дадениот момент, стравот и недовербата на пошироките народни маси во било кое политичко дејствување што ќе ја предизвика постојниот владин менталитет, е сериозен предизвик за активна политичка мобилизација.
Како продолжение на Школата за политика и критика 2014 што беше фокусирана на зголемување на вештините и знаењата на активистите во Македонија, Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје организира четири тридневни работилници со членови на различни активистички и политички групи од Македонија. Првата работилница ќе биде водена од Алекос Алаванос, еден од најискусните политички активисти и политичари во Грција, еден од основачите на СИНАСПИЗМОС и некогашен претседател на коалицијата на радикалната левица – СИРИЗА. Нему ќе му асистира Игор Јованоски – политички активист и теоретичар, како и предавач на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Првата работилница ќе се одржи во Скопје од 27ми до 29ти март.
Школата се организира со поддршка на Rosa Luxemburg Stiftung Southeast Europe.
Подолу е деталната програма за првата работилница на Школата за политика и критика 2015:
петок 27ми март:
17:30 – 19:00 Алекос Алаванос – „Западот и Истокот во Европа: грчкиот експеримент“ [West and East inside Europe: the greek experiment]
19:30 – 20:30 Дискусија
сабота 28ми март:
11:00 – 12:30 Алекос Алаванос „Три прашање, тешки за одговор, околу грчката криза“ [Three Questions difficult to be answered on the greek crisis]
12:30 – 12:45 Пауза
12:45 – 13:45 Дискусија
13:45 – 14:45 Пауза за ручек
14:45 – 17:00 Интерактивна работилница на темите на предавањата на Алаванос со Игор Јовановски
недела 29ти март:
11:00-12:30 Предавање на Игор Јовановски – „Сириза, Подемос, левиот популизам и Лакло“
12:30-12:45 Пауза
12:45 Дискусија.
Забелешка: предавањата и дискусиите со Алекос Алаванос ќе се одржуваат на англиски јазик.