Креирање родово ефективни политики
Ви ја претставуваме студија на политики со наслов „ Креирање родово ефективни политики: Модел за зајакнување на дијалог и вклучување на граѓаните од заедницата во процесот на креирање родово свесни политики“. Студијата е резултат на проектот „Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа и локалните активисти за креирање на ефективни политики за родова еднаквост во Р. Македонија“ кој го спроведе Инстиутот за општествени и хуманистички науки – Скопје во периодот ноември 2012 – декември 2013 година во партнерство со Акција Здруженска, поддржан од UN Women.
Цел на проектот беше унапредување на компетенциите на претставниците на локалната самоуправа за воведување на родовите прашања во документите, политиките и активностите на локалната самоуправа и воспоставување дијалог меѓу локалната самоуправа и локалните НВО-а и граѓански активисти. Исто така проектот имаше задача да овозможи креирање и ревизија на политики и документи според идентификуваните потреби и приоритети на жените од локалната заедница.
Проектот се реализираше во три општини на Р. Македонија: Ѓорче Петров, Боговиње и Струмица во соработка со општините и со невладините организации Здружение за локален рурален развој, Здружение на жени на Град Скопје и Здружение на жени – Струмица.
Добрите практики од реализацијата на проектот овозможуваат креирање на модел кој може да послужи како водич во заложбите за воспоставување родова рамноправност и вклучување на родовата перспектива во главните текови, политики и практики во единиците на локалната самоуправа кој го презентираме во студијата.
На линкот подолу можете да ја најдете објавената студија: