КОНКУРС за упис на студенти
Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје објавува
КОНКУРС
за академската 2015-2016 година
за упис на студенти на магистерски студии од следниве области:
(1) студии на политиките (policy studies), едногодишни и двегодишни
(2) родови студии, едногодишни
(3) студии на културата, едногодишни
ПРВ УПИСЕН РОК
20 април 2015 – 20 мај 2015
Услови на запишување
– за едногодишните програми: 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност
– за двегодишните програми: 3 години додипломски студии (или стекнати 180 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.
Наставата може да следи на македонски, албански и англиски јазик (зависно од потребите на студентот). Најголемиот дел од изборната и дел од задолжителната литература е достапна и на англиски.
Број на слободни места: најмногу по 15 за секоја од програмите.
Потребни документи:
– Диплома, уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредита) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сеуште не дипломирал/а, документ за досега положените испити а дипломата (уверението) ќе ја достави дополнително
– Нотарски заверената копија од дипломата/уверението за дипломирање може да се достави дополнително, пред потпишувањето на договорот најдоцна до 15 септември 2015, а по доставувањето на електронската копија во случај на електронско аплицирање
– Пополнета пријава која може да се преземе од интернет страницата на Институтот: www.isshs.edu.mk (под рубриката „Студиски програми“ која се наоѓа во мени-то на македонската верзија на страницата).
– Лична биографија (CV).
Првиот уписен рок трае до 20 мај 2015. Пријавите со придружните документи можат да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8-2, 1000 Скопје) или електронски на [email protected]. Интернет страницата на Институтот е на следнава адреса: www.isshs.edu.mk
Трошоци на студирање: За студиите не се наплаќа школарина освен трошоците за администрирање во вкупен износ од 400 евра во денарска противвредност за севкупниот студиски циклус (вклучувајќи ја и магистратурата) поделени во три рати. Исто така, би сакале да нагласиме дека ова се однесува на едногодишните студиски програми (на принципот 4+1) кои се и најбројните програми на Институтот. Што се однесува до двегодишната студиска програма по политики (на принципот 3+2), за втората година се доплаќаат уште 200 евра во денарска противвредност.
Основна информација за институцијата: Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје е приватна непрофитна научна установа, дел од Регистарот на научни установи што го води МОН (со Решение бр. 30), акредитирана од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија за организирање магистерски студии од областите на општествените и хуманистичките науки.
Директори на Институтот се проф. д-р Катерина Колозова и доц. д-р Артан Садику.
Контакт лица: Ристо Алексовски и доц. д-р Викторија Боровска (координаторка на постдипломските програми), достапни на [email protected], [email protected], [email protected] и на
тел/факс.: +389 2 31 13 059.