+389 2 3113 059

КОНКУРС за упис на студенти

КОНКУРС за упис на студенти

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавува
КОНКУРС
за упис на студенти на едногодишни магистерски студии од областите
(1) родови студии
(2) студии на културата

Услови на запишување: Завршени 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност. (Нотарски заверената копија од дипломата/уверението за дипломирање може да се достави дополнително, пред потпишувањето на договорот во септември 2013.)

Потребни документи:
– Диплома, уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредита) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сеуште не дипломирал/а, документ за досега положените испити а дипломата (уверението) ќе ја достави најдоцна до 13 септември 2013.
– Пополнета пријава која може да се преземе од интернет страницата на Институтот: www.isshs.edu.mk
– Лична биографија (CV).

Првиот уписен рок трае до 25 јуни 2013.
Пријавите со придружните документи можат да се достават по пошта на адресата на Институтот (Ул. „20 октомври“ бр. 8, 2 кат, 1000 Скопје) или електронски на [email protected]

Директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки и одговорно лице за постдипломските програми: Проф. д-р Катерина Колозова [email protected]
Програмски директор: М-р Артан Садику [email protected]
Контакт лица: Ристо Алексовски , М-р Викторија Боровска [email protected]
Тел.: +389 2 31 13 059
Интернет страница: www.isshs.edu.mk

Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје е приватна непрофитна научна установа, впишана во Регистерот на научни установи што го води МОН (Решение бр. 30). Институтот е акредитиран од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија за организирање магистерски (мастер) студии од областите на 1) родовите студии и 2) студиите на културата.

Цена на студирање: 1250 евра во денарска противвредност за севкупниот процес на студирање вклучително и одбраната на тезата. Можно е да се плаќа на рамномерни рати или според семестар и засебно за одбрана.

Можности за проектни активности на студентите/студентките: Освен во образовните активности, доколку се заинтересирани, можат да бидат вклучени и во истражувачки и други проекти што Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје ги спроведува.

ПРИЈАВА ЗА УПИС НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ

 

Leave a Reply