+389 2 3113 059

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА РАЗБИРАЊЕТО И ПОЗНАВАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И МЕХАНИЗМИТЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ НИВНО ПРЕКРШУВАЊЕ

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА РАЗБИРАЊЕТО И ПОЗНАВАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И МЕХАНИЗМИТЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ НИВНО ПРЕКРШУВАЊЕ

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје реализираше истражување за потребите на Проектот „Зголемување на транспарентноста и подобрување на владеењето на правото преку следење и известување за прекршувањето на човековите права во Република Македонија“ кој го спроведуваше Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Макеоднија. Истражувањето се однесува на мислењата, сфаќањата и информираноста на граѓаните во врска со човековите права, дискриминацијата и институциите кои се занимаваат со овие прашања. Целта на истражувањето беше да се добијат податоци за информираноста на граѓаните за човековите права и за механизмите за заштита при нивно прекршување. Истражувањето се спроведуваше со примена на методот на телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1001 испитаник. Истражувањето се реализираше во период октомври – декември 2014 година.

Публикацијата во која се презентирани податоците од истражувањето може да ги најдете на линкот подолу

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА РАЗБИРАЊЕТО И ПОЗНАВАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И МЕХАНИЗМИТЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ НИВНО ПРЕКРШУВАЊЕ

Leave a Reply