ИНИЦИЈАТИВА ЗА УРЕДНИЧКА СЛОБОДА: НОВИ ПОЛИТИКИ И ЗАСТАПУВАЊЕ ЗАСНОВАНО НА ПОДАТОЦИ
Во периодот од 2017 до 2019 година Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје заедно со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) работеше на проектот: Иницијатива за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци. Проектот се реализираше како дел од програмата Civil Society Facility на IPA 2 (the Instrument For Pre-Accession Assistance) инструментот на Европската унија за Македонија.
Главната цел на проектот беше да ги процени ефектите на постоечките политики врз уредничката слобода кои произлегуваат од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и да покрене застапување засновано на податоци за нови предлози и решенија. Изготвена беше сеопфатна анализа за влијанијата од постоечката регулатива спроведувана од регулаторното тело со фокус на ефектите врз слободата на изразување, особено врз уредничката слобода – загрозена со прекумерната регулација во законот.
Проектот поттикна ефективен дијалог помеѓу главните засегнати страни преку креирање на консултативни механизми за усвојување на предлозите и решенијата за политиките за прашањата поврзани со медиумската регулација и слободата на изразување. Беше спроведена и кампања како дел од процесот на застапување, засновано на податоци чија цел беше да ги објасни и поттикне засегнатите страни и јавноста за потребата и релевантноста на предложените интервенции во политиките кои произлегоа од претходно спроведената анализа.
Проектот овозможи јакнење на капацитетите на организациите и граѓанските иницијативи кои дејствуваат на полето на слободата на изразување во медиумите преку нивна обука за истражување ориентирано кон јавни политики и користење на податоци во процесот на застапување (застапување засновано на податоци).
Во рамки на проектот беа изготвени следните документи:
„Проценка на ефектите на постоечката регулатива за аудио и аудиовизуелни услуги врз уредувачката слобода“, достапно на: https://tinyurl.com/2bzustx3
“Discursive Forensics of the Macedonian Law on Audio and Audiovisual Services” (достапно само на англиски јазик) на: https://www.isshs.edu.mk/wp-content/uploads/2017/11/Discursive-Forensics-of-the-Macedonian-Law-on-Audio-and-Audio-Visual-Services1.pdf
„Споредбен преглед на европското законодавство во поглед на медиумските аудиовизуелни услуги“, достапно на: https://tinyurl.com/mv4ap3yk
„Документ за јавна политика за ефектите од постоечката регулатива врз уредничката/медиумската слобода“, достапен на: https://tinyurl.com/3wh3y284