#ЗАРОБЕНАДРЖАВА -Промоција на кампања во Тетово
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество спроведуван од Фондацијата отворено општество- Македонија во изминатиот период го спроведуваше проектот „Анализа на политики и закони кои влијаат на слободата на изразување“.
Во рамки на проектот беше објавена студијата „Слобода на изразување, здружување и претприемништво во заробена држава: Македонија во 2015“. Истовремено, беше креирана визуелна кампања која преку иновативен пристап ѝ ги презентираше на пошироката јавност најзначајните податоци од истражувањето.
Завршните активности на проектот се презентирање на резултатите и препораките од истражувањето пред локалната јавност.
Кампањата која се состои од визуелизации на податоците од истражувањето и онлајн платформа за #заробенадржава ќе продолжи да се спроведува со поддршка на National Endowment for Democracy.
Со таа цел, Ве покануваме на 21 јули во 13 часот во просториите на Центарот за балканска соработка „Лоја“ во Тетово. На настанот ќе учествуваат истражувачите од ИОХН-С: д-р Артан Садику и д-р Јордан Шишовски кои ќе ги презентираат резултатите од истражувањето, публикацијата и визуелната кампања.