ВИСТИНСКАТА ЦЕНА НА ЕВТИНАТА РАБОТНА СИЛА: Политики за привлекување на странски директни инвестиции во Македонија, 2007-2015
ВИСТИНСКАТА ЦЕНА НА ЕВТИНАТА РАБОТНА СИЛА:
Политики за привлекување на странски директни
инвестиции во Македонија, 2007-2015
Бранимир Јовановиќ
(Извадок од полиси брифот, целосниот документ ќе го најдете на линкот подолу)
Во периодот 2007-2015 година, Македонија имаше пет министри задолжени за привлекување на странски инвестиции. Земјата се рекламираше на разни познати светски медиуми, се организираа шеесетина роуд-шоуа низ триесетина земји, беа ангажирани триесетина економски промотори низ светот, се отвори посебна Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, се отворија петнаесет технолошко-индустриски развојни зони.
Странските фирми кои инвестираа во Македонија беа ослободувани од даноци, царини и комунални трошоци; им беа покривани трошоците за градење објект во вредност до 500.000 евра; им беа покривани трошоците за образование на работниците во износ до 50% од трошоците; добиваа директни грантови од страна на државата во износ до 70% од вредноста на инвестицијата или 70% од платата за новите вработени за период од 2 години.
Она што не е многу познато е колку вкупно средства издвои државата во овој период за сите овие мерки. Оваа студија прави проценка на овие трошоци, на ефектите од овие политики и на работните услови и работничките права во странските фирми кои добиле државна помош.