Дополнение на програмската заложба
Пост-пандемиската ера во Европа ги забрза процесите на нејзина реконцептуализација на поимите на демократија, вклученост, општествено-економски развој и на нејзините темелни вредности и принципи во согласност со таканаречената „двојна транзиција,“ дигиталната и зелената. Европа, не сведувајќи ја исклучиво на Европската Унија, во центарот на своите напори за сеопшто закрепнување го стави потполното преобмислување на образовниот и истражувачки инфраструктурен и човечки потенцијал како главен двигател на економската и општествена одржливост но и напредок. Според речиси сите стратешки документи на ЕУ кои ја обележуваат пост-2020 ерата, поимите на демократија, општествена вклученост и економска добросостојба како и процесите на ЕУ интеграција мора радикално да се преобмислат сообразени со контекстот на „двојната транзиција.“ Образованието и науката (или иновацијата) не се само обични аспекти на споменатите стратегии туку нивната срцевина. ИОХН-С се заложува да се зафати со длабинска анализа на овие процеси разбрани како органска целина. но и со активно застапување и преобликување на својата образовна програма.
Мотото на Институтот „тројното А“ (анализа, активизам, академија) е редефинирано во согласност со процесите опишани во ова Дополнение на програмската заложба. Па така, „тројното А“ е дополнето со „тројно Д“ (со поимите на англиски):
– (Democracy) Демократија сообразена со европската „двојна транзиција“;
– (Digitalization) Дигитализација на образованието, економијата и владеењето;
– (Development) Развој по пат на иновација и општествена трансформација.
Прочитајте за основачката програмска заложба на Институтот