Целта на „Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје“ не е само да придонесе за подобро разбирање на македонското, европското и глобалното општество туку и на истражувачките полиња во кои што е активен. Неговата долгорочна цел поставува траекторија на програмскиот развој во однос на истражувањето на две рамништа:
– (a) да произведе убедлива интерпретација на општеството (во неговата културно-политичка и родова комплексност), засновани на цврста аргументација, емпириски убедливо потврдена, врз чија што основа
– (б) креирање на политички решенија за овозможување и унапредување на институционални и културни трансформации во насока на инклузивно општество, засновано на социјална правда.
– Предизвикот да се толкуваат конкретните општествени реалности и да се пронаоѓаат веродостојни и изводливи политички решенија во сооднос со дадената реалност е дополнителен предизвик за тестирање на теоретската значајност на концептите или на концептуалните апарати употребувани при социолошките и хуманистичките истражувања. Со други зборови, применетите истражувања имаат засебна цел на концептуална иновација служејќи како провокација за проверка на големите идеи кои имаат статус на силен авторитет во академијата.