Проф. д-р Катерина Колозова
Д-р Катерина Колозова е научен советник/редовен професор на Институтот за општествени и хуманистички науки како и негова директорка. На Институтот, професор е по студии на политики (policy studies), политичка филозофија и родови студии. Предава и филозофија на правото на Универзитетот Американ Колеџ-Скопје на докторско ниво. На Факултетот за медиуми и комуникации – Белград: Оддел за критички политички студии, професор е по современа политичка филозофија. Во 2019, Катерина Колозова беше визитинг научник на универзитетот Columbia University-School of International Public Affairs во нивниот Глобален центар во Париз-Франција каде што работеше на темата „авторитаризам и феминизам во Европа.“ Проф. Колозова била и визитинг-професор на Универзитетот на Калифорнија-Беркли, каде што работела на истражување под колегијална супервизија на проф. Џудит Батлер и со поддршка на Фулбрајт фондацијата. Била супервизор на бројни докторски и магистерски тези на повеќе универзитети во Западна Европа и во регионот на ЈИЕ. Координатор е на бројни студии на политики/применети општествени науки на темата илиберална демократија, „заробена држава“, слобода на медиумите и академските слободи. Автор е на повеќе меѓународни монографии како Capitalism’s Holocaust of Animals издадена од Bloomsbury Academic-UK во 2019, додека нејзина најцитирана книга е Cut of the Real: Subjectivity in Poststructuralist Philosophy издадена од Columbia University Press-NY, 2014.
Проф. Катерина Колозова се занимава со научна анализа од областа на студиите на политики, а теми со кои потесно се занимава во последната деценија е растот на авторитаризмот во национален како во поширокиот контекст на Европа. Таа се јавува како раководителка на голем број студии за авторитарното заробување на државата карактеристични за ерата на илиберално-демократското владеење во Македонија од 2009 до 2015, како и во областа на аналитички мониторинг на обидите на земјата за “одзаробување” на јавниот апарат. Со новата методологија на пристапување кон ЕУ, оваа тема се формулира како интерсекторски и мултипроблемски мониторинг на тема демократски институции и примена на Кластер 1 во сите области на јавниот сектор. Нејзините публикации од областа на студиите на политики, како на оваа тема, така и на темата на интеркултурно помирување соседните земји членки на ЕУ, се рангирани меѓу 5те најбарани политички студии од земјата на Централно-источноевропската онлајн библиотека (со седиште во Германија) уште од крајот на 2021. Заедно со Николо Миланезе (European Alternatives-Paris) таа го приреди меѓународниот том на тема „нелибералните демократии”, сега веќе објавен од страна на Универзитетот Џорџ Вашингтон од Вашингтон ДЦ (САД) насловен „Илибералните демократии во Европа, авторитарен предизвик на кризата на либерализмот“ (2023). Заедно со Иван Вејвода, таа е коорганизатор на две работилници во 2019 и 2020 година за нелибералната демократија и демократското отстапување во регионот и во Европа одржани од страна Институтот за хуманистички студии од Виена (IWM), како и во Берлин со Aspen институт и Freie Universitaet (Политички науки) одржан во март 2019 г. а во соорганизација со ИОХН-Скопје. Сличен настан коорганизираше и со тинк тенкот од Париз Еуропа Нова и факултетот SciPo во октомври 2019. Таа е коавтор на повеќе меѓународни колумни (Ал Џазира на англиски, Open Democracy, Journal du Dimanche и други). Нејзина потесна специјалност остануваат и родовите студии. Реформите во образовниот и научен сектор и нивно доследно сообразување до принципите и документите на Болоњскиот процес, и особено примената на двојната транзиција (дигитална и зелена) во овој процес, е една од главните теми на анализите на политики на Колозова. Во периодот 2021-2022 како волонтер учествуваше во тимовите на експерти кои го советуваа МОН на тема реформи во сектор наука. Од август 2023, таа е ангажирана од страна на Секретаријатот за европски прашања како експерт за поглавјето 26, Кластерот 3 на реформите и доследната примена на Болоњскиот процес.
Email: [email protected]
Телефон/Факс: +389 2 3113 059