Институтот е посветен на долгорочните цели на ЕУ Агендата за модернизација и интернационализација на високото образование, прифаќајќи ги вредностите на Еразмус повелбата за високото образование на Европската унија. Уверени сме дека високото образование треба да му служи на критичкото промислување на општествената и економска стварност и да изумува нови можности и хоризонти по пат на научна, теориска и академска визија. Преобразувачкиот однос кон моментните општествени и економски стварности треба да е втемелен во научна ригорозност, применети истражувања и проверливи податоци. Со други зборови, научната иновација во општествените и хуманистички науки и применетите студии насочени кон анализа на политики интегрално се поврзани со високото образование. Ова е филозофијата и клучната усвоена политика на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје кога станува збор за високообразовната дејност што ја врши.
ИОХН-С поседува ЕРАЗМУС чартер за Европски високообразовни институции (ЕРАЗМУС чартер на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје). Воедно на следниот линк можете да ја погледнете нашата Еразмус изјава: (Изјава ЕРАЗМУС ЧАРТЕР). Исто така, Институтот е член на European Consortium for Humanities Institutes and Centers (European Consortium for Humanities Institutes and Centers). Институтот со гордост во го претставува овде (Меморандум на разбирање) Меморандумот за разбирање и соработка кој го потпиша заедно со Универзитетот на Утрехт.
Институтот е инклузивен во своите политики и силно ги охрабрува апликантите со посебни потреби (односно со физички предизвици). За ова категорија студенти и наставници се обезбедуваат дополнителни просторни услови каде што се вклучуваат во наставата и сите останати студенти од групата (со други зборови, целата група ги користи дополнителните простории, а не само студентите со предизвици).