Дигитализацијата како пат на вистинска администрација ориентирана кон граѓаните: Децентрализација на процесите како средства за забрзана и ефективна реформа
Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје ви ја претставува публикацијата „Дигитализацијата како пат на вистинска администрација ориентирана кон граѓаните: Децентрализација на процесите како средства за забрзана и ефективна реформа“. Истата има за цел да ги потенцира законските одредби кои повеќе се насочени кон заштитување на администрацијата а се на товар на граѓанинот и дава насоки кон унапредување на работата на државната и локалната администрација и значително подобрување на услугите која таа ги нуди на граѓаните. Публикацијата е изработена со поддршка на ФНФ (Friedrich Naumann Foundation for Freedom, North Macedonia), но истата претставува континуитет на наши долгогодишни истражувања на тема „одзаробување на јавниот сектор и политиките на администрирање“ и се потпира на грбот на покомплексен повеќегодишен проект поддржан од страна на НЕД (National Endowment for democracy).
Целата публикација можете да ја преземете на линкот подолу