Покана за поддршка на Алијанса за европска администрација
На 14 април 2021 во 12ч онлајн ќе разговараме со м-р Ана Малцева-Маринковиќ – Кабинетски службеник за координација на соработката на Претседателот на Владата. Разговорот ќе се фокусира на аспектот на дигитализација како еден од основните услови за ефикасна и европска администрација
Настанот има застапувачки карактер да ги информира и охрабри претставниците на политичките партии, граѓанските организации, експертите и креаторите на политики да ја поддржат Алијансата за европска администрација.
Правото на добра администрација (член 41) е дел од Европската повелба на темелните човекови права и, според тоа, таа е прашање на вредности, цивилизациски претпоставки а не безинтересно-техничка категорија.
Алијансата има за цел да обезбеди натпартиска (или меѓу-партиска) поддршка за:
1) да придонесе за надминувањето на авторитарните претпоставки во администрирањето и разбирањето на јавниот сектор,
2) да придонесе во надминувањето на авторитарната политичка култура која не се сместува само кај една партија во Парламентот и нејзините поддржувачи во општеството,
3) за подобрување на ефикасноста и економичноста на административните постапки на централната и локалната власт во служба на Граѓанинот.
Настанот се организира како дел од проектот„Општествена нормализација: Јакнење на политичкиот дијалог и деполаризација на јавниот дискурс“ што го спроведува Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје, а во соработка и со поддршка на Програмата Civica Mobilitas поддржана од Швајцарската Амбасада.
Сите заинресирани кои сакаат да го проследат настанот можат да се пријават / регистрират со испраќање на меил на [email protected], по што ќе добијат директен линк до настанот.