Нови предизвици во надминувањето на „демократското уназадување“ во Северна Македонија: „Заробената држава“ и „илибералната демократија“ во ревидиран контекст
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во периодот 2020-2022 го спроведе проектот Нови предизвици во надминувањето на „демократското уназадување“ во Северна Македонија: „Заробената држава“ и „илибералната демократија“ во ревидиран контекст, финансирано од the National Endowment for Democracy. Целта на проектот е да анализира, застапува и покренува свест против секое можно демократско уназадување во однос на пандемијата со КОВИД-19. Исто така, анализиравме и се залагавме јавно и директно пред клучните креатори на политики за самата поставеност на јавниот сектор и поимот за добра администрација, што е од големо значење при отворањето на Поглавјето 23 од преговорите со ЕУ.
Активностите на проектот вклучуваат:
Веб кампања „Твојата приказна“, достапна на: https://www.depolarizirajse.org/tvojataprikazna.html
Студија на политики „Одзаробување на административниот ум: Поларизација на односите меѓу граѓаните и државата“ достапна на: https://tinyurl.com/1onjr5lq
Затворена онлајн експертска работилница на англиски јазик “On the path towards the EU: Effective and transparent administration in service for citizens”) (11 декември 2020)
Онлајн панел дебата на англиски јазик “Online panel “Authoritarian Bending of Euro-Technocracy Illiberalism’s Devil in The Details in Southeast Europe: The Case of North Macedonia” (2 февруари 2021)
Студија на политики (на англиски јазик) De-capturing the Public Sector and the Administrative Apparatus”, достапна на: https://www.isshs.edu.mk/de-capturing-the-public-sector-and-the-administrative-apparatus-the-unfinished-business-of-implementing-eus-urgent-reform-priorities-of-2015-2/
Панел дискусија на англиски јазик “Delivery of digital services created for the citizens” (2 септември 2021)
Студија на политики (на англиски јазик) “Toward an Exit Point from the Enlargement Cul-de-Sac Posed by the Macedonian-Bulgarian Dispute”, достапна на: https://www.isshs.edu.mk/category/research/publications/