Феминистичко образование за сите: Неформална школа за младите жени во Северна Македонија
Во 2021, ИОХН-Скопје го спроведе проектот „Феминистичко образование за сите: Неформална школа за младите жени во Северна Македонија“, поддржано од фондацијата Квина тил Квина. Целта на проектот беше преку прифаќање на вредностите на дигиталната демократија да се вклучи во што е можно поширока и хибридна (онлајн и офлајн) програма за неформално феминистичко родово образование за младите жени во Северна Македонија.
Главната проектна активност беше Неформалната школа за младите жени во Северна Македонија, што се одржа во октомври и ноември, 2021 година.