Материјалистички и колективистички борби за климатска правда: еко-социјализам, марксистички феминизам и критика на авторитаризмот воспоставувајќи обединета платформа
Како дел од проект поддржан од Rosa Luxemburg Stiftung Southeast Europe, во 2021 ИОХН Скопје го имплементираше проектот „Материјалистички и колективистички борби за климатска правда: еко-социјализам, марксистички феминизам и критика на авторитаризмот воспоставувајќи обединета платформа“. Целта на проектот беше да се зајакне локалниот и регионалниот марксистички феминизам, како и спротивставување на авторитарните тенденции преку обединета платформа. Проектните активности ја вклучија летната Школа за политика и критика 2021 „Климатска правда во ера на незауздан капитализам“, како и двете работилници „Колку е сериозна климатската криза и што треба да направиме за тоа?“ и „Зошто е климатската криза феминистички проблем?“ што се одржаа есента 2021.