Повик за уписи на неформалната школа „Феминистичко образование за сите“
Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје со задоволство го објавува повикот за упис на партиципанти за неформалната школа „Феминистичко образование за сите“ која ќе се одржи од октомври до ноември 2021.
Школата е поддржана од страна на фондацијата Kvinna till Kvinna и ќе им понуди на учесниците предавања од областа на феминизмот, родовите студии и женските студии. Институтот во рамките на својата наставна дејност спроведува магистерски студии по род, а целта на оваа школа е да се доближи темата и знаењата од таа област до што поголема популација која има интерес. Предавачите на школата ќе говорат за: Историјата на женското движење за ослободување; Главните интелектуални идеи и нивните политички рефлексии: традицијата на либералниот феминизам, социјалистичка и анархистичка традиција, втор и трет бран на феминизам; Интерсекционалност; Жените и економската еднаквост.
По завршувањето на школата институтот ќе издаде сертификат со пресметана вредност во ЕКТС кредити кој би им послужил на оние што студираат или учествуваат во програми на доживотно учење.
Институтот посебно ги поттикнува младите жени и девојки, лицата од различна етничка припадност, род, различни видови на попреченост, различни места на живеење како и лица со различен економски статус, кои се интересираат за темата, без разлика на своето претходното образование или искуство од областа да аплицираат за учество на школата.
Предавањата ќе бидат online и ќе започнуваат во 18:30 часот во денови од втората половина на работната недела. Деталниот курикулум ќе биде објавен во септември, 2021.
Пополнетата апликација испратете ја на една од следниве електронски адреси: [email protected] или [email protected]