Конкурс за упис на студенти
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавува
КОНКУРС
за академската 2020-2021 година
за упис на студенти на магистерски студии од следниве области:
-Студии на политиките (policy studies), едногодишни и двегодишни
-Родови студии, едногодишни
ПРВ УПИСЕН РОК
(17 јуни 2020 – 31 јули 2020)
Услови на запишување:
– за едногодишните студии: 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.
– за двегодишните студии: 3 години додипломски студии (или стекнати 180 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.
Голем дел од наставниот материјал е достапен и на англиски јазик, па затоа се очекува студентите солидно да го владеат овој странски јазик.
Број на слободни места: 20
Потребни документи:
– Пополнета пријава за упис на студии може да се преземе од интернет страницата на Институтот: www.isshs.edu.mk (под рубриката „Студиски програми“ која се наоѓа во менито на македонската верзија на страницата) или од линкот подолу.
– Диплома или уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредита за едногодишните студии, односно 3 години или 180 кредити за двегодишните студии) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сѐ уште не дипломирал/а, може да достави документ за досега положените испити, а дипломата (уверението) ќе ја достави дополнително пред потпишувањето на договорот за упис. Нотарски заверената копија од дипломата/уверението за дипломирање се доставува и во тврда копија пред потпишувањето на договорот за студирање.
– Лична биографија (CV).
Првиот уписен рок трае до 31 јули 2020. Пријавата со придружните документи можат да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8-2, 1000 Скопје) или електронски на [email protected]. Интернет страницата на Институтот е на следнава адреса: www.isshs.edu.mk
Трошоци на студирање:
– За едногодишните студиски програми цената е 550 евра во денарска противвредност, во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање. Одбраната на магистерската теза се плаќа одделно и чини 250 евра во денарска противвредност.
– За двегодишните студиски програми цената е 800 евра во денарска противвредност, во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање. Одбраната на магистерската теза се плаќа одделно и чини 250 евра во денарска противвредност.
Ве известуваме дека Институтот овозможува школарината да се плаќа на рати.
Институтот е носител на Еразмус повелбата на европски високообразовни установи. Преку Еразмус+ шемата за мобилност на студенти и наставен кадар помеѓу високообразовни установи од програмските земји (ЕУ членките и Северна Македонија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Србија), овозможуваме директна проодност во европските високообразовни институции по пат на „Европскиот кредит трансфер систем“ според кој работи Институтот (како и сите акредитирани високообразовни установи во земјава). Така, со добар дел од кредитите стекнати во други високообразовни установи во Европа и извесен број стекнати во домашната установа, може да ја одбраните својата магистерска теза на Институтот.
Институтот располага со библитека од над 1000 наслови на физички книги и повеќе од 1000 наслови на сертифицирани електронски книги и стручни списанија.
Бројни меѓународни имиња со статус на визитинг професор може да станат ваши ментори. Листата на визитинг и домашни постојано ангажирани или визитинг професори може да ја видите на овој линк
Лица за контакт: Ристо Алексовски и проф. Викторија Боровска (координаторка на постдипломските програми), достапни на [email protected], [email protected], [email protected] и на тел/факс.: +389 2 31 13 059 / 070 894 174
Забелешка: Поради ново настанатата ситуација со Ковид-19, Институтот најавува дека во зависност од ситуацијата и препораките од Министерството за образование и наука, можно е наставата да се одвива on-line.