ОДЛУКА за постапување поврзано со COVID19
11 мар. 2020, Скопје
Согласно Известувањето за постапување поврзано со COVID19 упатено денес (11 март 2020 година) до високо-образовните установи и научни институти од страна на Министерството за образование и наука, Институтот за општествени и хуманистички науки е затворен за настава во наредните две недели. Професорите/научните соработници и советници што биле изложени на ризик (со тоа што патувале во најмалку средно-ризичните подрачја) работат од дома по пат на интернет. Администрацијата работи редовно, а останатите научни соработници и советници/професори, доаѓаат според потреба и сопствена одлука за приоритетни обврски (состаноци, потписи и сл.). За родителите на деца под 10 години се постапува според Препораките на Министерството за здравство донесени вчера (10 март 2020).
Директорка
Проф. д-р Катерина Колозова