Повик за учесници
Ве покануваме да учествувате на работилница „Ефектите од поларизирачки дискурс“ која ќе се одржи на 29.11.2019 година во Хотел „Театар“ во Битола во 17 часот. Работилницата е во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје во рамки на проектот „Општествена нормализација: јакнење на политичкиот дијалог и деполаризација на јавниот дискурс“ поддржан од програмата на Цивика Мобилитас.
Работилницата има за цел да ја зголеми свесноста за ефектите од поларизацијата врз демократските процеси и процесите на носење на политики. Исто така сметаме дека ќе придонесе кон сензибилизирање за потребите и ставовите на претставници од различни општествени актери, граѓанското општество, медиумите и политичките партии и актери преку отворање на можност за користење на дијалог во функција на разрешување на конфликти и процес на креирање на политики.
Пријавувањето трае до 25.11.2019 година. Заради ограничениот број на учесници ве молиме пријавите за учество на претставниците од вашата организација да ги испратите на маил: [email protected].