Поларизирачкиот дискурс и влијанието врз политичката и социјалната поларизација во македонското општество
Анализата „Поларизирачкиот дискурс и влијанието врз политичката и социјалната поларизација во македонското општество“ се однесува на јавниот дискурс со цел да се покаже нивото на поларизираност и ефектите врз процесот на креирање политики и социјалната поларизација. Во анализата се обработуваат концептите на поларизација и популизам, потоа видовите и факторите кои придонесуваат кон поларизација како и еден модел на поларизација кој потоа се користи и во анализата на резултатите. Истражувањето комбинира анализа на содржина со дискурзивна анализа и го опфаќа периодот од 2017 до 2019 година. Во анализата се следат трендовите на поларизација во периодот пред и по Преспанскиот договор и пред и по последните претседателски избори како клучни политички настани кои директно влијаеја врз процесот на политички дијалог. Фокусот на анализата се однесува на доминантниот политички дискурс помеѓу двете доминантно етничко македонски политички блокови ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Оваа линија на поделба е избрана како доминантна оска на политичка поларизација која ги поставува и потоа влијае врз оштествената поларизација во однос на други политички и општествени теми и прашања. Анализирана е партиската поларизација и ефектите на ваквата поларизација се следат преку говорот на социјалните мрежи и медиумите. Потоа се анализира влијанието на поларизацијата врз политичкиот дијалог и улогата на „премостувачите“ преку примери за политички иницијативи од јавен интерес.
Анализата е резултат на проектните активности реализирани во рамки на проектот „Општествена нормализација: Јакнење на политичкиот дијалог и деполаризација на јавниот дискурс“ спроведуван од тимот на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје и поддржан од програмата на Цивика Мобилитас.