Поттикнување на академската соработка на регионално ниво помеѓу Република Северна Македонија и Грција: можности и предизвици
Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје во соработка со Факултетот за економски и регионални студии при Универзитетот Македонија од Солун и Економскиот Институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, организира панел дискусија на тема:
“Поттикнување на академската соработка на регионално ниво помеѓу
Република Северна Македонија и Грција: можности и предизвици“
Панел дискусијата ќе се одржи на 28.02.2019 година (четврток) со почеток во 14 часот во просториите на Економскиот институт, Пролет 1, Скопје.
Работен јазик на панелот е англиски.
Подолу на линкот ќе ја најдете ажурираната агендата за настанот.