+389 2 3113 059

ПОВИК за доделување на финансиска поддршка на граѓански организации

ПОВИК за доделување на финансиска поддршка на граѓански организации

Институтот за општествени и хуманистички науки Скопје во партнерство со Здружението на новинари на Македонија во рамки на проектот „Иницијативи за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци“ поддржан од ЕУ во рамките на ИПА Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите, објавува:

ПОВИК
За доделување на финансиска поддршка на граѓански организации

Во рамките на конкурсот обезбеден е фонд во вкупен износ од 25 000 eвра, од кој ќе бидат доделени не повеќе од 5 грантови во максимален износ од 5 000 евра, наменети за финансиска поддршка на акции на застапување на слободата на изразување како дел од кампањата „Студии на случај – податоците раскажуваат приказни “.

Право на учество на повикот за доделување финансиска поддршка имаат организации кои постојат најмалку една година во Централниот регистар на Република Македонија и кои работат на полето на застапување на правото на слобода на изразување. Предност имаат организации кои учествувале на двете обуки за застапување засновано на податоци организирани во рамките на проектот „Иницијативи за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци“.

Финансиската поддршка се доделува со цел зајакнување на капацитетите на организациите кои работат во полето на слобода на изразување за пристапот на застапување и креирање јавни полкитики засновани на податоци.

Очекуваните резултати од спроведувањето на акциите се:

• Изработка на медиумски производ, студија на случај која има за цел застапување на слободата на изразување со користење на податоци.
• Реализација на кампањата „Студии на случај – податоците раскажуваат приказни“ која има за цел да промовира предлози за промена на политиките во сферата на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Рокот за поднесување на пријавите е 20 јуни со доставување на потребната документација на е-маил адресата: [email protected]

1. СОДРЖИНА НА ПРЕДЛОЖЕНИТЕ АКЦИИ

Организациите кои ќе бидат поддржани во рамките на повикот за доделување грант ќе добијат континуирана менторска поддршка за реализација на акциите во период од шест месеци (јули – декември 2018):

• Развивање на идејата за студија на случај
• Фаза на прибирање на податоци
• Обработка и анализа на податоците
• Создавање медиумски производ
• Учество во кампања „Студии на случај – податоците раскажуваат приказни“

2. УПАТСТВО ЗА УЧЕСТВО ВО ПОВИКОТ

Финансиската поддршка се доделува за спроведување на акциите во период од јули – декември 2018 година.

Пријавата треба да биде поднесена од една организација – носител со која ќе биде потпишан договор за грант (даден во прилог на повикот) доколку организацијата е избрана за финансирање.

Грантот ќе се додели во максимален износ од 5 000 eвра во денарска противвредност на посебната банкарска сметка за овој проект на организацијата-носител, регистрирана во Секретаријатот за европски прашања и ослободена од данок на додадена вредност. Предложениот буџет во никаков случај не смее да го надмине максималниот износ, ниту да биде помал од 5% од максималниот износ.

Организацијата – носител ќе биде единствено одговорна за реализацијата на активностите иплаќањата согласно буџетот на акцијата. Префрлање на доделените средства од грантот на други правни лица не е дозволено, освен за плаќања на услуги директно поврзани со реализацијата на активностите.

Пријавите треба да бидат доставени исклучиво по електронска пошта дадена во прилог.

Секоја пријава треба да ги содржи следниве документи:

Целосно пополнет формулар за пријавување кој ги вклучува следниве обрасци:

1. Образец за пријавување пополнет на македонски јазик,
2. Образец за предлог – буџет. Буџетот треба да биде испланиран во рамките на трошоците дозволени во буџетскиот образец.
3. Копија од решение од Централен регистар
4. Изјава

Обрасците треба да бидат пополнети компјутерски, напишаните на рака нема да бидат земени предвид.

I. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И ИЗБОР И РОКОВИ

Изборот на организациите на кои ќе им биде доделен грант ќе се одвива во две фази и тоа:

• Оценување на пријавите според основните квалификациски барања: 
а)Образецот е соодветно пополнет и пријавата со придружната документација е доставена во рок и на начин предвиден со повикот
б) Временска рамка и висината на буџетот содветствуваат со барањата од повикот
• Оценување на квалитетот на предлог-проектите според критериумите на бодување наведени подолу:

Критериум Опис Бодови
Оправданост за избор на темата и квалитет на предложените активности и нивна синхонизираност со целите и резултатите Изборот на темата е заснован на податоци за ограничување на слободата на изразување, медиумските слободи и/или уредничката слобода и активностите соодветствуваат со целите на повикот и со резултатите што треба да се постигнат 50
Искуство и вештини на организацијата за реализација на акцијата Организацијата има историја на спроведување активности и проекти во полето на слобода на изразување 15
Претходно искуство во производство на медиумски производ и спроведување кампања Организацијата (преложените учесници) има искуство во креирање медиумски содржини и производи и спроведување камапња 15
Претходно искуство во јавно застапување и комуникација со конституентите Организацијата има добра комуникација со своите конституенти и историја на спроведени локални застапувачки акции 20
Вкупно 100

 

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје и Здружението на новинари на Македонија го задржуваат правото да побараат дополнителни информации за предлозите или за подносителите на пријавите за коишто смета дека се потребни за оценувањето.

За организациите грантисти ќе биде организирана средба за потпишување на договорите за грант и појаснување на правата и обврските кои произлегуваат од доделувањето на финансиската поддршка.

3. ПОВИКОТ СЕ РЕАЛИЗИРА КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ИНИЦИЈАТИВИ ЗА УРЕДНИЧКА СЛОБОДА: НОВИ ПОЛИТИКИ И ЗАСТАПУВАЊЕ ЗАСНОВАНО НА ПОДАТОЦИ“

Главна цел на проектот е проценка на ефектите на постоечките политики врз уредничката слобода од Законот за аудио и аудио-визуелни услуги и да покрене застапување засновано на податоци за нови предлози и решенија за политики кои ја штитат слободата на изразување

Посебните цели на проектот се:

• Да направи проценка на ефектите од постоечката регулатива врз слободата на изразување со фокус на уредничката слобода
• Да го адресира недостатокот на поширок дијалог на стурчната и граѓанска јавност на тема политики кои дејстуваат рестриктивно во поглед на слободата на изразување во медиумите и првенствено уредничката слобода.
• Креирање консултациски механизми со засегнатите страни кои ќе развиваат предлози на политики за прашањата што се однесуваат на програмската регулација и слободата на изразување.
• Кампања за застапување засновано на докази со цел да се објаснат податоците од спреведените анализи и релевантноста на предложените политики.
• Јакнење на капацитетите на организациите кои работат во полето на слобода на изразување за пристапот на застапување и креирање јавни полкитики засновани на докази.

Период на реализација на проектот: февруари, 2017 година –јануари, 2019 година

Доколку имате дополнителни прашања или потреба од појаснувања ве молиме да се обратите по писмен пат на следниве контакти:

Ана Блажева: [email protected]
Драган Секуловски: [email protected]

Сите потребни документи за аплицирање можете да ги преземете на линковите подолу:

ПОВИК за субгрантирање

ОБРАЗЕЦ за пријавување за финансиска поддршка на граѓански организации ИПА

ФОРМУЛАР за буџет

ИЗЈАВА за организација апликант