+389 2 3113 059

#ЗАРОБЕНАДРЖАВА

#ЗАРОБЕНАДРЖАВА

Ни претставува огромно задоволство да ви ја претставиме новата веб платформа на ИОХН-Скопје www.zarobenadrzava.net, платформата ја обработува темата на #заробенадржава. Содржините на самиот сајт е поделени во четири категории и тоа: Медиуми, Образование, Слобода на здружување и собир и претприемништво. Секоја од овие четири категории ги содржи поединечните студии на политики, фактоиди и визуелизации произлезени од анализите. Дополнително на овој сајт може да се најде и алатката за crowdsourcing преку која граѓаните кои биле предмет на притисоци закани или драстично глобење ќе може да ги споделуваат своите приказни со гарантирана анонимност од страна на Институтот. Веб страната произлезе од истражувањето на Институтот Слобода на изразување, здружување и претприемништво во заробена држава: Македонија во 2015. Истражувањето беше спроведено со поддршка од УСАИД и Фондацијата отворено општество – Македонија, а продолжувањето на кампањата е со подршка од National Endowment for Democracy (NED).