Проф. д-р Дона Колар Панов
Проф. Д-р Дона Колар-Панов го стекна своето академско образование во Хрватска, Канада и Автсралија. Докторската дисертација ја одбрани на Универзитетот Murdoch во Перт, Австралија, каде што беше и ангажирана како предавач на Факултетот за хуманистички науки од 1989 до 1995 година. Во 1995 година, проф. Колар-Панов беше именувана за раководител на постдипломските студии на Институтот за Социолошки, правни и политички истражувања при Универзитетот Кирил и Методиј – Скопје (1995 -2006), каде што во 1997 година ги основа првите постдипломски и докторски студии за Комуникации и медиуми во Македонија. Како декан на Факултетот за комуникации и медиуми при Универзитетот New York во Скопје (2007- 2011), проф. Колар-Панов ги основа и организира првите постдипломски студии по Односи со јавноста, како и постдипломски студии за Комуникации и нови медиуми во Македонија. Како признат експерт во областа на новите медиуми, проф. Колар-Панов беше претседател на организациониот и уредувачкиот одбор на две ,еѓународни конференции од областа на комуникациите и новите медиуми кои беа одржани во 2008 и 2009 година. Нејзиниот интердисциплинарен пристап на истражување резултираше со голем број книги, монографии и други публикации, од кои најцитираното дело е монографијата Video,War and Diasporic Imagination, публикувана од страна на реномираната мултинационална издавачка куќа Routledge во 1997 (ре-публикувана е тринаесет пати). Проф. Колар-Панов беше член на експертската група за изработка на програмата и основањето на првата Висока школа за новинарство и односи со јавноста, и претседател на Матична комисија за основањето на Инстутут за Комуникации, во Скопје. За време на нејзината долгогодишна академска кариера, проф. Колар-Панов членуваше во бројни експертски комисии и групи, како што е Експертска група за формирање на првиот Радиодифузен Совет на Република Македонија и Експертската комисија за доделување на дозволи за работа на независни електронски медиуми во Република Македонија и други. Во 2011 година, проф. Колар-Панов ја продолжува својата академска кариера на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје каде е именувана за декан на Факултетот за комуникации, а во 2017 година е избрана во звање Професор Емеритус по комуникации и медиуми. Во 2014 година, на проф. Колар-Панов ѝ беше доделена меѓународната награда PRO.PR, награда за извонреден придонес во полето на комуникациите и односите со јавноста во Југоисточна Европа. Проф. Колар-Панов се смета за основоположник на студиите по комуникации и нови медиуми во Македонија.
Email: [email protected]
Телефон/Факс: +389 2 3113 059