Проф. Д-р Ристо Карајков
Ристо Карајков, има докторат по интернационален развој од Универзитетот во Болоња и магистратура по локален развој од Универзитетот во Тренто. Покрај другото има и неколку истражувачки престои, помеѓу другите, при Центарот за граѓански студии на Универзитетот Johns Hopkins во Балтимор и во UNU-WIDER во Хелсинки. Неговите области на интерес ги вклучуваат странските донации и донаторски политики со посебен фокус на ЕУ – пристапната помош, интернационалните граѓански општества и НВО, програмски развој и евалуација, како и политичките случувања на Балканот. Предава на Факултетот за Бизнис Економија во Скопје. Негови текстови и анализи можат да се најдат во безброј странски медиуми, меѓу кои Osservatorio Balcani, The International Herald Tribune, The New York Times, European Voice, Il Riformista. Тој е основач и директор на ДеСо, консултанска фирма со седиште во Скопје.