+389 2 3113 059

ШКОЛА ЗА ПОЛИТИКА И КРИТИКА 2016

ШКОЛА ЗА ПОЛИТИКА И КРИТИКА 2016

ШКОЛА ЗА ПОЛИТИКА И КРИТИКА 2016
„Регионален политички форум за Марксистичка теорија и пракса во Југоисточна Европа“
24-27 Јуни 2016 година, Охрид, Македонија

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, со поддршка од фондацијата Роза Луксембург со гордост Ви ја најавува Школата за политика и критика 2016 – „Регионален политички форум за Марксистичка теорија и пракса во Југоисточна Европа“ со учество на следните говорници: Силвија Федеричи, Сантијаго Забала и Гал Кирн.

Летната школа 2016 е посветена на актуелните политички прашања во регионот, прашања поврзани со заедничкото комунистичко минато и можностите на размислувања за марксизмот врз основа на преклопувањата на нашите, некогаш источно, а сега западно наследство на социјалистичката теорија и практика. Преку спојување на активисти и истражувачи, настанот ќе цели да ги адресира проблемите на политичките стратегии за идно делување за кое истовремено се дискутира помеѓу различни групи во регионот и кое ја изнесува на виделина политичката и теоретската содржина – релевантна на глобално ниво.

Школата цели да ја истражува современата марксистичка и феминистичка мисла релевантна за осмислување на политичките активности на различни активистички / политички групи. Таа сака да го зајакне еманципаторското знаење во времето како на неолибералниот напад преку економијата и социјалното осиромашување на работниците така и на повторното воведување на многу тврди патријархални и традиционални вредности преку различни групи на конзервативни политики.

Признавајќи го еманципаторскиот потенцијал на интеракцијата на теоријата и практиката, настанот ќе придонесе во осмислување на еманципаторските практики на Балканот преку отворање на дискусија во рамките на современата марксистичка мисла. Затоа, ни претставува задоволство да го објавиме учеството на Силвија Фередичи, Сантијаго Забала и Гал Кирн, тројца истакнати истражувачи и активисти кои ќе ги споделат своите мисли со учесниците на Летната школа 2016.

На настанот е предвидено да се соберат 25 локални и регионални активисти / истражувачи од регионот на Југоисточна Европа во активна дебата за современата социјалистичка и марксистичка мисла за политичките стратегии на еманципација. Школата се одржува од 24 – 27 јуни 2016 година во Охрид, Македонија.

БРОШУРА

Leave a Reply