Школа за политика и критика
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во соработка со фондацијата Rosa Luxemburg Stiftung со гордост Ви ја претставува „Школата за политика и критика“.
Школата за политика и критика се стреми кон развивање на теориските и практичните вештини на активистите во Македонија со цел тие да можат да одговорат на политичките предизвици на неолибералната политика која денес надвладува во политичкото секојдневие во општеството.
Школата директно ќе ги поддржи активистите во градење на одржлива политичка реторика преку нудење на суштински алатки за развивање на социјално и идеолошко информирана анализа и критика. Семинарите ќе овозможат простор за јакнење на знаењата, дискусија и размена во клучни теми од Марксистичката теорија и револуционерната пракса.
Школата ќе се одвива во тек на 2014-та година и методолошки ќе биде организирана во дводневни семинари кои ќе се одржуваат за време на еден викенд во секој месец на годината освен Јули и Август.
За да се пријавите за учество во Школата за политика и критика треба да ги пратите следниве податоци на [email protected] :
Име и презиме:
Краток опис (3 реда) за мотивацијата за учество во школата:
Контакт тел. и е-маил:
Учеството како и материјалите за Школата за политика и критика
се бесплатни
Организирањето на Школата за политика и критика е поддржана од фондацијата Rosa Luxemburg Stiftung.
Целосната програма на Школата можете да ја превземете на линкот подолу.