+389 2 3113 059

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЕХАНИЗМИТЕ НА НЕЗАВИСНОТО СУДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЕХАНИЗМИТЕ НА НЕЗАВИСНОТО СУДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје Ве поканува на 03.04.2013 година(среда) со почеток во 11 часот во просториите на ИОХН-С на презентација на резултатите од истражувањето „Зајакнување на механизмите на независното судство во Македонија“ кое Институтот го спроведе во периодот Мај 2012 –Февруари 2013.

Резултатите од истражувањето со судиите како и препораките за зајакнување на независноста на судството ќе ги презентира м-р Артан Садику, програмски директор на ИОХН-С.

„ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЕХАНИЗМИТЕ НА НЕЗАВИСНОТО СУДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА“

Истражувањето ги анализираше постоечките механизми и инструменти на Судскиот совет кои овозможуваат процес на мониторинг, евалуација и изрекување дисциплински мерки и раководење со претставките од граѓаните, како и можностите за зајакнување на механизмите и практиките кои влијаат врз независноста на судството во Македонија. Потребата за истражувањето произлезе од податоците кои укажуваа на намалената примена на постоечките процедури наспроти зголемениот број на поплаки пред Правобранителот.

Целта на истражувањето не беше обременување на правната рамка со дополнителни процедури туку креирање нова политика на употреба на инструментите и механизмите на судството, преку длабинска анализа на операционалните можности на постоечкиот закон и органи и хибридното единство кое го креираат.

На презентацијата освен резултатите од истражувањето, ќе бидат предложени и конкретни мерки кои би придонеле за зајакнување на независноста на судската власт во Македонија

Проектот е поддржан од страна на програмата “Think and Link: Regional Policy Programme” на фондацијатата European Fund for the Balkans. Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје работи со институционална поддршка на Think Tank Fund – OSI Budapest и на CIRA – SDCb

Го очекуваме вашето присуство.

Leave a Reply