ШКОЛА ЗА КРИТИКА И ПОЛИТИКА 2017
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, со поддршка од фондацијата Роза Луксембург со гордост Ви ја најавува Школата за политика и критика 2017 – „Регионален политички форум за марксистичка теорија и практика во Југоисточна Европа“ со учество на следните говорници: Реј Брасие (Ray Brassier), Оксана Тимофеева (Oxana Timofeeva), Агон Хамза (Agon Hamza) и Катерина Колозова.
„Школата за политика и критика 2017“ е летна школа за активисти и теоретичари на левицата од регионот на Југоисточна Европа. Таа ќе овозможи полна пет дневна програма со клучни предавања пропратени со панели и попладневни работилници. Главните теми на овогодишната летна школа се:
– марксизмот на 21 век,
– феминизам и марксизам,
– подемот на популизмот и „илибералната демократија“ во Европа.
Другите теми што се очекува да бидат покриени во работилниците се:
– левиот популизам во Европа,
– европските социјалистички стратегии, социјалните движења и новите политички партии на левицата,
– преиспитување на концептот „активист“ во пост-окупирај (post-Occupy) ерата, и
– критиката на ЕУ од интернационалистичка пред националистичка перспектива.
Главните предавачи ШПК2017 се: Реј Брасие (Ray Brassier), Оксана Тимофеева (Oxana Timofeeva), Агон Хамза (Agon Hamza) и Катерина Колозова. Двете главни и вкрстувачки теми кај клучните предавачи Брасие, Тимофеева и Хамза ќе бидат делата на Маркс и Хегел, додека Колозова ќе се фокусира на Маркс и феминистичкиот материјализам вклучително Браjдоти и Иригаре.
25 учесници од регионот на Југоисточна Европа ќе земат учество откако ќе бидат избрани на основа на отворен повик што ќе биде пуштен во февруари 2017.
Школата ќе се одржи помеѓу 26 и 30 јуни 2017 во Охрид, Македонија.
Школата е организирана од Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје со поддршка на фондацијата Роза Луксембург-Југоисточна Европа.
Контакт:
Артан Садику на:
[email protected]
www.isshs.edu.mk
ул. “20 Октомври” бр. 8 кат 2
1000 Скопје, Македонија
Телефон/факс: +389 2 3113 059