+389 2 3113 059

Школа за политика и критика 2015

Школа за политика и критика 2015

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со гордост ја најавува
Школата за политика и критика 2015

После серијата семинари наменети за зајакнување на знаењата и капацитетите на активистите во Македонија во претходната година, оваа година Школата ќе се фокусира на конкретни прашања од теоријата и праксата на активизмот кои во претходната година беа идентификувани како најпотребни за градење на општествена мобилизација против дведецениските неолиберални политики кои произведуваат продолжена социјална неправда.

“Школата за политика и критика 2015” се стреми кон зајакнување на општественото движење во Македонија, и проширување на демократското поле на дејствие на активистите. Оваа година, Школата методолошки ќе биде организирана во 4 (четири) тридневни работилници со искусни меѓународни и локални политички активисти и теоретичари.

Работилниците ќе им понудат на активистите директна можност за размена на искуства и знаења со другите слични активистички движења во светот преку процес на предавања и отворени дискусии со искусни меѓународни политички активисти и теоретичари.

Школата за политика и критика 2015 е поддржана од страна на “Фондацијата Роза Луксембург за Југоисточна Европа.“ Учеството на Школата е бесплатно а сите трошоци за работилниците, превоз и сместување се покриени од страна на донаторот.

Школата е наменета за 30 заинтересирани учесници кои за пријавување потребно да аплицираат со следниве податоци:

– Кратка биографија
– Мотивационо писмо со кое ќе се одговори на прашањата:
Кои практични знаења очекувате да ги стекнете?
Кои теоретски знаења очекувате да ги стекнете?
– Лични контакти

Рок за пријавување: 07 март 2015

Апликациите да се пратат на [email protected].
За сите прашања обратете се на 02 3113 059.
www.isshs.edu.mk

Leave a Reply