Продолжување на рокот за упис
Ни беше укажано дека дел од кандидатите кои сакаат да конкурираат на една од трите студиски програми кои ги нуди Институтот за општествени и хуманистички науки имаат потешкотии во процесот на комплетирање на потребната документација за упис. За таа цел решивме да излеземе во пресрет и го продолжуваме крајниот рок за една недела (19 септември 2014). Сите заинтересирани кандидати ќе можат да ги достават своите пријави и потребни документи за упис до 19 септември 2014 најдоцна до 16 часот. За сите прашања околу постдипломските студии на ИОХН-С Ви стоиме на располагање на телефонските броеви 072 30 77 04 или 072 30 77 01, или електронски на [email protected].
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавува
КОНКУРС
за академската 2014-2015 година
за упис на студенти на магистерски студии од следниве области:
(1) Родови студии
(2) Студии на културата
(1) студии на политиките (policy studies), едногодишни и двегодишни
Услови на запишување:
– за едногодишните програми: 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност
– за двегодишните програми: 3 години додипломски студии (или стекнати 180 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.
Наставата може да следи на македонски, албански и англиски јазик (зависно од потребите на студентот). Најголемиот дел од изборната и дел од задолжителната литература е достапна и на англиски.
Број на слободни места: најмногу по 15 за секоја од програмите.
Потребни документи:
– Диплома, уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредити за едногодишните магистерски студии и 3 години или 180 кредити за двегодишните) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сеуште не дипломирал/а, документ за досега положените испити а дипломата (уверението) ќе ја достави најдоцна до 19 септември 2014.
– Нотарски заверената копија од дипломата/уверението за дипломирање може да се достави дополнително, пред потпишувањето на договорот во септември 2014, а по доставувањето на електронската копија во случај на електронско аплицирање
– Пополнета пријава која може да се преземе од интернет страницата на Институтот: https://www.isshs.edu.mk
– Лична биографија (CV).
Уписниот рок трае до 19 септември 2014. Пријавите со придружните документи можат да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8, 2 кат, 1000 Скопје) или електронски на [email protected]. Интернет страницата на Институтот е на следнава адреса: www.isshs.edu.mk
Директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки и одговорно лице за постдипломските програми: Проф. д-р Катерина Колозова [email protected]
Програмски директор: Доцент д-р Артан Садику [email protected]
Контакт лица: Ристо Алексовски , Доц. д-р Викторија Боровска [email protected]
Тел.: +389 2 31 13 059