Разоткривање на лажната левица: Oрганизирање на новите глобални заедништва
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со задоволство ве поканува на 12 септември 2014 (Петок) со почеток во 18 часот во просториите на ИОХН-С на отвореното предавање на професорот Крестон Дејвис. Предавањето е на тема „Разоткривање на лажната левица: Oрганизирање на новите глобални заедништва“.
Крестон Дејвис, е основач на Глобалниот центар за напредни студии и ко-уредник на Columbia University Press и Duke University Press. Работи на повеќе научни области како политичка теологија, континентална филозофија и психоанализа. Ко- автор со Џон Милбанк и Славој Жижек на книгата St. Paul and Politics (2010), заедно со нив е уредник на Theology and the Political (Duke, 2005) и The Monstrosity of Christ (MIT, 2009). Ко-уредник на едициите Insurrections ( заедно со Клејтон Крокет, Џефри Робинс и Славој Жижек) изадавани од Columbia University Press и New Slant (заедно со Филип Гудчајлд и Кенет Сурин) издавани од Duke University Press. Уредник е на журналот за политичка теорија “Political Theology”
Школата за политика и критика се стреми кон развивање на теориските и практичните вештини на активистите во Македонија со цел тие да можат да одговорат на политичките предизвици на неолибералната политика која денес надвладува во политичкото секојдневие во општеството.
Школата директно ќе ги поддржи активистите во градење на одржлива политичка реторика преку нудење на суштински алатки за развивање на социјално и идеолошко информирана анализа и критика. Семинарите ќе овозможат простор за јакнење на знаењата, дискусија и размена во клучни теми од Марксистичката теорија и револуционерната пракса.
Школата ќе се одвива во тек на 2014-та година и методолошки ќе биде организирана во дводневни семинари кои ќе се одржуваат за време на еден викенд во секој месец на годината освен Јули и Август.
Школата се организира со поддршка на Rosa Luxemburg Stiftung.