Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во моментот го изведува шест месечниот проект „Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество“, финансиран од УСАИД и Институт Отворено општество Македонија.
Целта на проектот е да се обезбеди правото на коректно и правично информирање преку зголемување на општествената вклученост во прашањата поврзани со медиумската и новинарска слобода и независност.Eдна од главните цели e oтворањето на поширока општествена дебата за важноста на медиумската и новинарска слобода за општиот и индивидуален прогрес на сите граѓани. Понатаму, проектот придонесува и во градење на широки коалиции на актери за вршење на притисок за транспарентен, демократски и партиципативен процес на одлучување во врска со законската рамка за работата на медиумите и новинарите. Освен ова, се работи и на зголемувањето на информираноста и знаењето на граѓаните во врска со општествената улога на медиумите и новинарите.
Проектот ги спроведува подготвителните активности за успешно реализирање на проектната агенда и контактирање и воспоставување соработка со локални и национални граѓански организации кои ќе бидат вклучени во реализацијата на јавните дебати во градовите и учествуваат на состаноците за вмрежување.