+389 2 3113 059

Предавање на проф. Денис Ферхатовиќ во ИОХН-С

Предавање на проф. Денис Ферхатовиќ во ИОХН-С

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со задоволство Ве поканува на 14. март 2014 година (петок) со почеток во 18.30 часот во просториите на ИОХН-С, на јавно предавање на тема „Имигрантската машка сексуалност во делото на Александар Хемон “Nowhere Man”. Предавањето ќе го одржи професорот Денис Ферхатовиќ (Connecticut College, Нов Лондон, Конектикат).

ИМИГРАНТСКАТА МАШКА СЕКСУАЛНОСТ ВО ДЕЛОТО НА АЛЕКСАНДАР ХЕМОН “NOWHERE MAN”

Предавањето ќе ја разгледа имигрантската машка сексуалност во првата новела на Александар Хемон – “Nowhere Man” (2002). Фокусот е ставен на главниот лик на делото на Хемон, еден вид негово алтер-его, Јозеф Пронек и неговите егзистенцијални и лингвистички проблеми манифестирани низ неговите еротски средби. Позицијата на ликот на Пронек на имигрант е важен, но не и единствен извор на сексуалната необичност која го проткајува текстот.

Денис Ферхатовиќ е роден 1980 година во Бања Лука, во тогашната Социјалистичка Федеративна Република Босна и Хецеговина, Југослaвија. Емигрира како бегалец со својата фамилија во САД во 1995 година. Дипломира на University of Virginia, отсек англиски и француски јазик и литература, докторира англиска литература на Јеил од областа на староанглиската поезија. Во моментот работи на Connecticut College, Нов Лондон, Конектикат, каде што предава повеќе предмети. Има објавувано свои есеи во “Neophilologus“ и “Studies in Philology”

Предавањето е во рамки на серијата „Јавни предавања во ИОХН-С“.

Leave a Reply