Панел Дискусија
СКОПЈЕ 2014 И НЕГОВИТЕ ЕФЕКТИ ВРЗ НАРАТИВИТЕ ЗА ИДЕНТИТЕТОТ
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, на 3 Јуни (понеделник) со почеток во 12 часот во хотел Александар Палас организира панел дискусија на тема: „ Скопје 2014 и неговите ефекти врз наративите за идентитетот: дискусија за студијата спроведена од страна на ИОХН-С“, на која ќе се дискутираат резултатите од истражувањето што го спроведе истражувачки тим на Институтот под раководство на проф.д-р Катерина Колозова.
На панел дискусијата ќе дискутираат проф. д-р Елизабета Шелева, проф. д-р Иван Додовски, проф. д-р Петар Атанасов, проф. д-р Катерина Колозова и политичките и културни аналитичари Харалд Шенкер и Џабир Дерала.
Дискусијата е отворена за сите заинтересирани со предходно регистрирање при влезот во салата.
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во склоп на неговата работа врши анализи и истражувања од полето на социјални, родови и културни политики и се залага за зајакнување и подобрување на јавните политики во државата.
Работата на Институтот e поддржана од Think Tank Fund – Budapest и ЦИРА-Civica Mobilitas. Истражувањето е изведено со поддршка на Fridrich Ebert Stiftung и Think Tank Fund – Budapest.