+389 2 3113 059

Магистерски студии: Студии на културата

Кус опис на содржината на програмата: Вообичаено овој тип специјализација, барем во развиените академски средини, се одвива на ниво на втор циклус на студии бидејќи самата интердисциплинарност бара способност за примена на преносни алатки на истражување и учење кои овозможуваат одржување на целината, која е во основа, проблемски обединета.[1] (Слично е со секое интердициплинарно подрачје, како со родови студии, студии на политиките, студии на комуникации и медуми, итн.).  Агендата за високото образование на ЕУ за 2025, а и подологрочната EHEA и ERA (European Research Area: New ERA 2030), изискуваат од сите земји членки на Болоњскиот процес уште подлабока интердисциплинарност и комбинирање на SSH (social sciences and humanities) со STEM (sciences, technology, engineering and mathematics), а за тоа е индикативно што во моментов Европа (и со тоа и ние како дел од Европската високообразовна област) поточно EU го промoвира терминот STE(A)M (science, technology, engineering, the arts and mathematics; cf. https://tinyurl.com/3dh6ckcf). Па така, оваа програма нуди прилагодување на уметниците и авторите од областа на културата да одговорат на предизвиците на новата ера: развојот на креативните индустрии, учество во технонолшкиот и комуникациски развој што вештините на разните уметности може да го помогна, учество во индустриите на дигиталната ера кадешто е потребна уметничка споспобност (gaming индустријата), и она што е најважно – итниот развој на креативните индустрии, во кои С. Македонија заостанува назад, не само зад ЕУ туку и зад остатокот од регионот.

Креативните индустрии кои се во центарот на оваа програма, и можноста за специјализација и оспособување на авторите од областа на културата да ги применат своите теориски знаења и својата способност од високата култура и уметност на претприемачката ера на денешницата, исто така овозможува и адаптација на новите медиумски алатки на уметниците, кураторите, продуцентите, теоретичарите на уметноста и останатите активни во секторот култура. Имено, инсталациите и перформансите се тоа што доминира по светските галерии и театри, кои се потпираат на видеото, телевизијата и интернетот. Од друга страна, пак, класичните форми на уметноста, преку креативните индустрии, бараат способност да се искористи ерата на дигиталноста за да се направи културното наследство попристапно но и своевидна индустрија (дигиталните тури на музеите, потоа платформите како digital theater – ги прават овие класични форми на уметноста достапни и примамливи за новите генерации публика). Според тоа, присуството на студиите на комуникации, медиуми и воопшто интернет културата – како култура на кибер-просторот – е неопходна за промислување и научна и професионална надградба во полето на културата.

Со интердисциплинарниот и тематски баланс понуден во оваа програма, ИОХН-Скопје настојува да одговори на предизвиците и целите на програмата онака како што ја објаснивме тукушто: епистемологијата комбинирана со квалитативните и квантитативните методологии, сместена во контекст на современите општествени и хуманистички теории, овозможува трансверзални алатки, кои, како и во сите интердисциплинарни области, претставуваат ткиво на врзување на целината.

Професионални можности: Истражувачката заедница во Македонија, во која, покрај научните работници, спаѓаат и аналитичари во бројни невладини тинк-танк центри и други организации од цивилниот сектор, има пореба од оспособени кадри за анализи на културните аспекти на општествените појави. Од друга страна, пак, во денешната ера на ангажирани културни (уметнички) пракси, уметниците, културните менаџери, професионалци и активисти во невладини организации од областа на културата, имаат потреба да ги разберат механизмите на општеството, институциите, политичките па дури и економските трендови, но од аспект на „органската целосност“ што им ја обезбедува припадноста на културна парадигма.

Научен назив со кој се стекнува студентот по завршување на студиската програма:По завршувањето на студиите и успешната одбрана на магистерскиот труд студентот се стекнува со научен степен: Магистер (м-р) по студии на културата. Соодветниот научен степен го стекнуваат кандидатите кои од првиот и вториот циклус на студии ќе се освојат вкупно 300 кредити (ЕКТС).

Услови за запишување: Диплома (уверение) за завршени 4 години студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од прв циклус од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов иако претставува предност, исто како и богатото CV на кандидатката/кандидатот.

Контакт лице: Ристо Алексовски, Доц. д-р Викторија Боровска [email protected],
Телефон: +389 2 3113 059
Интернет страница: www.isshs.edu.mk

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје е приватна непрофитна научна установа, дел од Регистарот на научни установи што го води МОН (со Решение бр. 30), акредитирана од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија за организирање магистерски студии од областите на општествените и хуманистичките науки.

Трошоци на студирање:
– За едногодишните студиски програми вкупната цена е 750 евра во денарска противвредност за севкупниот студиски циклус, и во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање: користење на библиотеката, пријави, преполагања, консултации, диплома, дословно сите услуги и услови се обезбедени без никаков дополнителен и скриен надомест. Износот може да се плаќа според семестар или на најмногу 4 рати за една година. Одбраната на магистерската теза се плаќа одделно и чини 300 евра во денарска противвредност.

Освен во образовните активности, кандидатите, доколку се заинтересирани, можат да бидат вклучени и во проекти кои Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје спроведува: истражувања (особено анализи на политиките) на теми што се однесуваат на општеството, културата, политиката и родовите а, исто така, организира и настани како конференции, јавни дебати, симпозиуми и летни школи. Издаваштвото е дел од редовните активности на Институтот.