ЗИМСКИ УПИСЕН РОК НА ПОСТДИПЛОМСКИТЕ СТУДИИ НА ИОХН, СКОПЈЕ (АКАДЕМСКА: 2024/25)
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавува
КОНКУРС
за академската 2024-2025 година
за упис на студенти на магистерски студии од следната област:
-Студии на културата, едногодишни
ЗИМСКИ УПИСЕН РОК ЗА АКАДЕМСКАТА ГОДИНА 2024/2025
(Краен рок за аплицирање: 17 јануари 2025)
Кус опис на содржината на програмата: Вообичаено овој тип специјализација, барем во развиените академски средини, се одвива на ниво на втор циклус на студии бидејќи самата интердисциплинарност бара способност за примена на преносни алатки на истражување и учење кои овозможуваат одржување на целината, која е во основа, проблемски обединета.[1] (Слично е со секое интердициплинарно подрачје, како со родови студии, студии на политиките, студии на комуникации и медуми, итн.). Агендата за високото образование на ЕУ за 2025, а и подологрочната EHEA и ERA (European Research Area: New ERA 2030), изискуваат од сите земји членки на Болоњскиот процес уште подлабока интердисциплинарност и комбинирање на SSH (social sciences and humanities) со STEM (sciences, technology, engineering and mathematics), а за тоа е индикативно што во моментов Европа (и со тоа и ние како дел од Европската високообразовна област) поточно EU го промoвира терминот STE(A)M (science, technology, engineering, the arts and mathematics; cf. https://tinyurl.com/3dh6ckcf). Па така, оваа програма нуди прилагодување на уметниците и авторите од областа на културата да одговорат на предизвиците на новата ера: развојот на креативните индустрии, учество во технонолшкиот и комуникациски развој што вештините на разните уметности може да го помогна, учество во индустриите на дигиталната ера кадешто е потребна уметничка споспобност (gaming индустријата), и она што е најважно – итниот развој на креативните индустрии, во кои С. Македонија заостанува назад, не само зад ЕУ туку и зад остатокот од регионот.
Креативните индустрии кои се во центарот на оваа програма, и можноста за специјализација и оспособување на авторите од областа на културата да ги применат своите теориски знаења и својата способност од високата култура и уметност на претприемачката ера на денешницата, исто така овозможува и адаптација на новите медиумски алатки на уметниците, кураторите, продуцентите, теоретичарите на уметноста и останатите активни во секторот култура. Имено, инсталациите и перформансите се тоа што доминира по светските галерии и театри, кои се потпираат на видеото, телевизијата и интернетот. Од друга страна, пак, класичните форми на уметноста, преку креативните индустрии, бараат способност да се искористи ерата на дигиталноста за да се направи културното наследство попристапно но и своевидна индустрија (дигиталните тури на музеите, потоа платформите како digital theater – ги прават овие класични форми на уметноста достапни и примамливи за новите генерации публика). Според тоа, присуството на студиите на комуникации, медиуми и воопшто интернет културата – како култура на кибер-просторот – е неопходна за промислување и научна и професионална надградба во полето на културата.
Со интердисциплинарниот и тематски баланс понуден во оваа програма, ИОХН-Скопје настојува да одговори на предизвиците и целите на програмата онака како што ја објаснивме тукушто: епистемологијата комбинирана со квалитативните и квантитативните методологии, сместена во контекст на современите општествени и хуманистички теории, овозможува трансверзални алатки, кои, како и во сите интердисциплинарни области, претставуваат ткиво на врзување на целината.
Услови на запишување:
– 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.
Голем дел од наставниот материјал е достапен и на англиски јазик, па затоа се очекува студентите солидно да го владеат овој странски јазик.
Број на слободни места: 5
Краен рок за аплицирање: 10 јануари 2025 година
Потребни документи:
– Пополнета пријава за упис на студии може да се преземе од интернет страницата на Институтот: www.isshs.edu.mk (под рубриката „Студиски програми“ во менито на насловната македонската верзија на страницата) или со пристапување до линковите на крајот од оваа страница (каде пријавата има свој посебен линк). Во оваа етапа на аплицирање единствено е потребно да ја пополните електронската пријава која можете да ја најдете на следниот линк. По завршување на процесот на селекција, пред потпишување на договорот за студирање ќе треба да ја приложите пријавата со ваш своерачен потпис.
– Диплома или уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредита за едногодишните студии) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сѐ уште не дипломирал/а, може да достави документ за досега положените испити, а дипломата (уверението) ќе ја достави дополнително пред потпишувањето на договорот за упис. Нотарски заверената копија од дипломата/уверението за дипломирање се доставува и во тврда копија пред потпишувањето на договорот за студирање.
– Лична биографија (CV).
Пријавата со придружните документи можат да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8-2, 1000 Скопје). Исто така, пријавата во PDF форма со потпис на кандидатот/кандидатката може да се поднесе и електронски на [email protected].
Трошоци на студирање:
– За едногодишните студиски програми вкупната цена е 750 евра во денарска противвредност за севкупниот студиски циклус, и во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање: користење на библиотеката, пријави, преполагања, консултации, диплома, дословно сите услуги и услови се обезбедени без никаков дополнителен и скриен надомест. Износот може да се плаќа според семестар или на најмногу 4 рати за една година. Одбраната на магистерската теза се плаќа одделно и чини 300 евра во денарска противвредност.
Институцијата е носител на Ерзмус чартер за високото образование во Европа 2021-2027. Оценката за доделување на чартерот може да ја пронајдете овде каде што се подвлекува посветеноста на Институтот на меѓународната академска димензија и неговото солидно разбирање на целите и вредностите на Еразмус програмата. Преку Еразмус+ шемата за мобилност на студенти и наставен кадар помеѓу високообразовни установи од програмските земји (ЕУ членките и Северна Македонија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Србија), овозможуваме директна проодност во европските високообразовни институции по пат на „Европскиот кредит трансфер систем“ според кој работи Институтот (како и сите акредитирани високообразовни установи во земјава). Така, со добар дел од кредитите стекнати во други високообразовни установи во Европа и извесен број стекнати во домашната установа, може да ја одбраните својата магистерска теза на Институтот. Институтот во моментот има потпишано договори за размена на студенти и професори со неколку универзитети од овие земји, како што се: Централно Европски Универзитет (ЦЕУ, Виена), Универзитетот Гисен (од Германија), Универзитетот Утрехт (од Холандија), Универзитетот Македонија и Универзитетот Пантеон (од Грција), Универзитетот Пловдив (од Бугарија), Факултетот за медиуми и комуникација, Белград (од Србија) и Универзитетот Пантеон од Атина (Грција). Заинтересираните студенти запишани на Институтот ќе имаат можност дел од своето образование да го поминат на некој од овие универзитети
Институтот располага со библиотека од над 2100 наслови на физички книги и повеќе од 4200 наслови на сертифицирани електронски книги и стручни списанија.
Бројни меѓународни имиња со статус на визитинг професор може да станат ваши ментори. Листата на визитинг и домашни постојано ангажирани или визитинг професори може да ја видите на овој линк
Лица за контакт: Ристо Алексовски и проф. Викторија Боровска (Координаторка на постдипломските програми и Еразмус координаторка), достапни на [email protected], [email protected], [email protected] и на тел/факс.: +389 2 31 13 059 / 070 894 174
[1] Addressing societal challenges using transdisciplinary research (OECD: 2020), available at https://www.oecd.org/science/addressing-societal-challenges-using-transdisciplinary-research-0ca0ca45-en.htm), пристапено на 26 март 2023.