РАБОТИЛНИЦА ЗА МЕТОДОЛОГИЈА: „Економијата во ера на автоматизиран труд: европски перспективи,“ интердисциплинарна методологија на приближување кон наставните содржини што се однесуваат на економијата и дигитализацијата
На наше огромно задоволство, во библиотеката на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје на 22 септември 2023 година, ќе се одржи Работилница за интердициплинарна методологија за градење наставни програми и содржини кои ја адресираат темата „Економијата во ера на автоматизиран труд: европски перспективи, интердисциплинарна методологија на приближување кон наставните содржини што се однесуваат на економијата и дигитализацијата.“ Ова е првиот проектен резултат изработен во рамки на проектот Образование насочено кон иновација во ерата на „транзицијата близначка“: Фокус на Југоисточна Европа. На настанот ќе се понудат решенија за политики, кои би овозможиле длабока интеграција помеѓу SSH (општествени и хуманистички науки) и STEM науки.
На оваа работилница ќе учествуваат: научно наставниот кадар на ИОХН-Скопје, како и гости од Факултет за медицински науки Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје и проф. д-р Агим Рушити, директор на Агенцијата за квалитет во високото образование на Северна Македонија. Модератор: проф. д-р Тихомир Топузовски. Свое посебно обраќање ќе има заменик на Претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, за значајноста на Болоњскиот процес за интеграцијата на земјата во ЕУ.
На оваа Работилница ќе се дебатираат резултатите од студијата за интердисциплинарен методолошки приод кон темата економија во ера на автоматизација на трудот, заеднички производ на конзорциумот EIDE составен од: Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје (Северна Македонија), Софискиот Универзитет (Софија, Бугарија), Пантеон универзитетот (Атина, Грција) Факултетот за медиуми и комуникација (Белград, Србија).
Проектот „ Образование насочено кон иновација во ерата на „транзицијата близначка“: Фокус на Југоисточна Европа“ се реализира со поддршка на Еразмус+ програмата на Националната агенција за европски образовни политики и мобилност на Северна Македонија.
Подолу можете да ја преземете Агендата за настанот (на три јазици)