+389 2 3113 059

ПОВИК ЗА УПИСИ НА НЕФОРМАЛНАТА ШКОЛА „ФЕМИНИСТИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ 2023“

Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје со задоволство го објавува повикот за упис на партиципанти за неформалната школа „Феминистичко образование за сите 2023“ која ќе се одржи од октомври до декември 2023. Оваа година, посебниот фокус е на младите и нивното запознавање на суштинската врска меѓу феминизмот, родовите студии и ЛГБТИ+ теоријата и движењето. Главни теми се: Феминизам после третиот бран?, Ксенофеминизам, Марксизам и феминизам, Ислам и феминизам, Род и сексуалности, а методски пристап е интерсекцискиот феминизам.


Школата е поддржана од страна на фондацијата Kvinna till Kvinna. Освен како невладина организација, Институтот дејствува и како акредитирана високообразовна установа и е носител на Повелбата Еразмус 2021-2027 за квалитет во високото образование во Европа. По завршувањето на Школата институтот ќе издаде сертификат за неформално образование со пресметана вредност во ЕКТС кредити кој би им послужил на оние што студираат или учествуваат во програми на доживотно учење.


Институтот посебно ги поттикнува младите жени и девојки, лицата од различна етничка припадност, род, попреченост, лица во запоставени и тешко достапни средини на живеење како и лица со економски статус кој е пречка за систематско и академско ниво образование за потреби на активизам, а кои се интересираат за темата, без разлика на своето претходното образование или искуство од областа, да аплицираат за учество на Школата.

Предавањата ќе бидат во хибриден формат (во живо во библиотеката на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје и online), а ќе започнуваат во 18:30 часот во денови од втората половина на работната недела од октомври 2023 до крајот на годината. Деталниот курикулум ќе биде објавен по истекот на рокот за аплицирање.

Краен рок за аплицирање: 25 септември 2023 година

Aпликацијата можете да ја пополните на линкот подолу. Доколку имате дополнителни прашања Ве молиме да не контактирате на следниве електронски адреси: [email protected] и [email protected]